Македонштина

Непотребно ударен од инекција

Не барајте појак муабет од овој. Овој е најјакиот. За брзината на Брзата помош и за нивниот недомаќински однос кон инекциите.

Кајшаров топи 5G снег

Не го заклучил пасторот тоа туку така, туку фино објаснува дека „слушав и истражував научници“. Без нестручно да навлегуваме во неговата методологија (во рака се топи, ама ај да го видиме на упаљач!), заклучокот е дека снегот е пластичен заради 5G.

Одамна сме немале појак превод

Сентенцата може да се користи како пасворд за масони, како интимен поздрав меѓу другари, како алтернатива на Адамсовото „42“, како ритерн на сите глупоштини кои ќе ви бидат набацени:
- Читаше дека короната е од 5Г?
- Ве молам, Те молам, Данче, мајка ти!