Македонштина

Старост лудост

Не знам што да ви кажам. Ако нашиве старки стварно даваат пари за ова, се собираме масовно (масовно!) пред Влада и ги бараме назад сите пари (до денар!) кои досега се фрлени за нивните бесплатни возења по автобуси и бањи и други финти за достоинствен живот. Буњаковец, 2013-та, година на змијата пензионерот. Длабоко се извинуваме за непријатноста ако во видеото видите некој свој дедо или баба кои до овој момент ви биле симболи на мудрост и зрелост.

Стеф ни станал доктор

Го памтите ли, тој е љубов на овој сајт од самите почетоци. Почна како урнебесен комичар но во меѓувреме ја сменил насоката на својата јутјуб кариера па сега е Стеф Шеф, љубовен доктор!

Исцелителот за хомосексуалноста

Иван блебета во стандарден ритам, но, штосот во овој клип е што го покажува најдобриот начин да се гледаат вакви емисии: во друштво! Со заеднички провали, со аплаузи... Браво за екипата.

Водици, форевеалоун

Завиткано во прекрасна музика, го имаме најкамерниот чин на фаќање на крстот во православниот свет.

Ама некој ми го прелажа?

Го имавме прво како Езел, а потоа како Долче и Рубинче. Таман помисливме дека овој ДНК ќе остане осамен на сцената, еве го - со синот. Рубинчо не додржал малиот да порасне па да одговара на текстот на песната (одлив на млади во странство, едни ваму, други таму, сјебана мк судбина и пропратно кукање на таа тема при што сцената со клучевите е марти мистерија!) па го направил малиов гурбетџија уште во основно школо. А каде ќе оди бе така мал? Освен ако со право не бега од музичката кариера која овде му се готви.