Македонштина

Черно му било пишано

Вешто маскирајќи ја во академски трактат за високото образование ("ако не научи пациентот како ќе положи?") светското исцелителско чудо Иван успеа низ македонскиот етер да ја прошверцува со децении криената тајна - како дојде до хаваријата во Чернобил. Очекуваме во некоја следна прилика да ни открие кој е рускиот Хомер Симпсон.

Оправдание до директорот

Ако долго време не сте вработени, пробувате ама никако никаде да бутнете глава, можно е да помислите дека моментално вработените се толку профи што нема шанси да станете колеги. Еве како вработена со средна стручна спрема пишува изјава за отсуство од работа.