Македонштина

Парк на штипски начин

"Првиот парк кај градскиот пазар доби потпорен ѕид", гласи насловот на радосната вест објавена на општинскиот сајт на Штип. Значи, за парк се работи. Парк! Очекуваме од нашите читатели од Штип масовно да го посетат реновираниот парк и да ни испратат групна фотографија, за евентуално да го рекламираме за големи концерти на отворено и слични дешавки.

Камионската ергела во Македонија

Читател сакал да полага за Ц категорија па се распрашал по нашиве авто-школи да види што возила имаат на лагер. Еве дел од понудата: