Медиуми

Прилог со бомбастичен крај

Една новинарска сторија треба да има глава, тело и опашка а кога се работи за визуелен медиум, фино е за сето тоа да се има и текст и слика. Освен за оние делови од прилогот за кои не мора да се има текст.

На внуци ќе им раскажувате за ова

Бесмртни се историските моменти кои биле фатени на телевизија. Америка го има убиството на Кенеди и нападот на кулите близначки, за Романија тоа е падот и егзекуцијата на Чаушеску, за Германија рушењето на берлинскиот ѕид. За да не бидеме ние покусо, се погрижи Македонија пат и нивната пила.