Off Course

Кога копачите ќе стивнат

Вака изгледа крахот на криптовалтутите.

Како излгедаат 1,5 милиони долари под вода

Во Флорида ураганот Иан однесе и еден Мекларен П1, со почетна цена од 1,5 милиони долари.

Сам себе го фаулирал

Дечкото се вика Денис Јапел и настапува во германска регионална лига, каде меѓу другото се игра на стадиони со сериозни бетонски ѕидови. Јапел е добар, ама за секој случај е пренесен во болница.

Да не беше церадата, сè ќе беше утоп

Без никој да се најде навреден, ставаме пари дека тој што го смислил противпожарниот систем, немал никаков удел во составување на „тест полигонот“.

Дрводелско училиште, ама во Швајцарија

Ник Шифер е сопственик на американскиот НС Билдерс и е дрводелец мајстор, титула која во САД се добива по школо, не по визит карта. Шифер е во Швајцарија каде посетува едно дрводелско средно училиште. Некаде пред средина на турата низ училиштето веќе му дојде да ја скине дипломата што ја има.