Право на учество во наградната игра имаа сите корисници на Mastercard платежните картички (Mastercard Debit, Maestro, Mastercard Standard и Mastercard Gold) издадени од Шпаркасе Банка Македонија, со секоја реализирана трансакција во износ поголем од 300,00 денари на продажните места и е-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и во странство. Согласно со Правилата на наградната игра по истекот на секоја седмица, Банката секој понеделник во периодот на наградната игра спроведуваше електронско извлекување на 7 среќни добитници на парична награда во износ од 5.000 МКД од трансакциите реализирани за секој ден од седмицата и една награда во износ од 50.000 МКД од вкупниот број реализирани трансакции во истата седмица. По истекот на периодот на наградната игра или изминати 8 седмици беа наградени вкупно 56 добитници на парични награди во износ од 5.000 МКД и 8 добитници на парични награди во износ од 50.000 МКД. Добитниците на наградите од 5.000 МКД и 50.000 МКД можете да ги погледнете на следниот линк. Од вкупниот број реализирани трансакции во периодот на наградната игра на 9 јануари 2018 беше извлечен добитникот на главната награда во износ од 500.000,00 МКД, г-ѓа Викторија Божиновска од Прилеп.
Им честитаме на сите среќни добитници и им посакуваме да уживаат во наградите заедно со своите најблиски и да продолжат да ги користат услугите и поволностите на Шпаркасе Банка Македонија!
(комерцијален текст)