Колку е награда на лото да ја добиеш запленетата куќата на Ел Чапо?

Ранчови, вили, куќи и слични недвижности запленети од наркобосовите завршија во списокот на награди кои ќе се делат на лотаријата организирана од мексиканската влада.

Куќата во која се криел Ел Чапо

Во случајот со Ел Чапо иако не се работи за некоја велелепна вила, сепак станува збор за пристојна куќа на два ката со цена од околу 160.000 евра. Ова е куќата во која Ел Чапо се криеше во 2014 пред да и избега на мексиканската војска во рацијата на крајот од февруари. Додека војниците ја обиваа предната врата, наркобосот и неговата девојка избегаа преку таен тунел.

Куќата на Ел Чапо е ставена на лото откако владата со години не може да најде некој што би сакал на аукција да купи куќа запленета од еден од најголемите убијци и злостори во историјата на Мексико. Слична дилема, дал никогаш да не се влезе во куќата или одма да се донира на адвокатите на Чапо, веројатно виси и над главата на идниот добитник на имотот.

Лотаријата ја организира државниот Институт за враќање на украдени работи на народот, и ќе се одржи еднаш и тоа на 15 септември, денот на независноста на Мексико.

Меѓу наградите има и останати недвижности, луксузни предмети и ВИП ложа со 20 седишта на Ацтека стадионот, националниот стадион на Мексико, која добитникот ќе може да ја користи до 2065 година. Во наградниот фонд освен наркобосовите, учествува и запленетиот имот и предмети од корумпираните политичари.

Далеку полуксузна е вилата запленета од наркобосот Амандо Кариљо, кој во 1990-те ја имаше најголемата флота на авиони за пренесување кокаин во САД. Вилата е од 3.000 метри квадратни (базен на затворено, џакузија, сауни, винска визба и 9 спални) и чини 3 милиони евра.

Куќата на Кариљо

Ложата е купена во 1984 за време ан владеењето на претседателот Мигуел де ла Мадрид на име на неколку директори на Националната лотарија, а за потребите на тогашниот лидер и неговите пријатели. Ложата е ставена на аукција бидејќи „не е работа на Националната лотарија да купува ВИП ложи за потребите на владини службеници“. Од оваа ложа во 1986 на Диего Марадона му беше даден пехарот за освојувањето на Мундијалот во Мексико.

Ложата на Ацтека стадионот

12 јули 2021 - 11:53