Северна Кореја го хакна Сони

Упадот во корпоративната мрежа на Сони е нарачка на Пјонгјанг, а се претпоставува дека целата работа е одмазда комедијата "Интервју" во која Сет Роген и Џејмс Франко треба да го убијат Ким Јонг Ун.

Сони во соработка со безбедносната компанија Мандиант ги довршуваат анализите за тоа што точно се случи и од каде тргнале работите, и се очекува деновиве да објават дека нападот е од Северна Кореја.

Заради минатонеделниот напад сите вработени на филмското студио мораа да ги изгасат компјутерите и да работат со молив и хартија. По нападот, на интернет се појавија информации за платите на вработенте, планови за идни продукции и ДВД од пет филмови, кои се уште се емитуваат само во кино: Fury, Annie (римејк кој месецов требаше да има премиера), Mr. Turner, Still Alice и To Write Love on Her Arms.

Премиерата на спорниот филм е закажана за 25 декември. Еве го трејлерот:

4 декември 2014 - 11:24