Ова е Виндоус 9

И до сега имаше скриншотови од следниот Виндоус, меѓутоа ова е прв пат да добиеме поблизок поглед на тоа како во иднина ќе биде променето работењето на декстоп компјутерите.

Два германски успеаа да соберат 20 фотографии од Windows Technical Preview верзијата, која ќе биде достпана кон крајот на месецов или на почеток од октомври.

Она што е ново е дека во таск-барот веднаш до старт копчето има икона за пребарување, до кој пак има икона за опцијата за виртуелни декстопи.

Се гледа и дека Микрософт подготвува нови икони за фајл експлорер, десктоп и другите елементи на Виндоусот за да биде поидентичен со Метро стилот на Микрософт.

11 септември 2014 - 16:11