Не така скромниот аскет

Без да навлегува во политиката, опозициониот лидер Борис Немцов реши да направи попис на сите работи што Путин ги ужива на својата позиција додека гради имиџ на скромен лидер.

- Тоалет од 75.000 долари во претседателскиот авион. Инаку внатрешноста на авионот е украсена со скапоцени камења во вредност од 18 милиони долари.

- Овој авион е само еден од 58-те летала, вклучително и хеликоптери, кои му се на располагање на Путин.

- 11 часовници, вредни околу 700.000 долари (колку што е неговата плата за 6 години).

- Јахта со пет нивоа и уште најмалку 3 помали јахти.

- 20 солидни куќи и станови, меѓу кои вила во Париз, таен имот во Новоградскиот регион и имот на езерото Валдаи.

Според Немцов само одржувањето на резиденциите, јахтите, авионите и автомобилите на Путин, годишно чини 2,5 милијарди долари.

Од Кремљ порачале дека недвижнините и превозните средства не се во сопственост на Путин, туку тој ги користи како претседател на Русија.

29 август 2012 - 09:23