Не е дека Господ нема смисла за хумор

На 26-ти јули британската лотарија дели премија од 100 милиони фунти и тоа на 100 различни луѓе. Сега се мачат сите да ги соберат.

До сега се пријавени 88 добитници на по еден милион фунти, останатите 12 имаат фора да се пријават до јануари 2014-та, или во спротивно ја губат наградата.

Непријавените добитници се од целиот остров.

"Замисли да одиш наоколу а да не знаеш дека си милионер. Секој играч на лотарија треба да си го провери своето ливче," изјавил портпаролот на Националната лотарија.

9 август 2013 - 14:58