Кризата со платите е запрена, во ЕУ парламентот

Во Европскиот парламент ќе биде спроведено автоматско кревање на платите на ниво кое целосно ги поништува ефектите на инфлацијата и ценовниот шок што моментално се случува во Унијата и остатокот од Европа.

Околу 60.000 пратеници, функционери и вработени на ЕУ парламентот ќе добијат покачување на платата од најмалку 8,5% најдоцна до крајот на годината, што целосно би требало да ја апсорбира инфлацијата во ЕУ зоната.

ЕУ парламентот превентивно уште во 2013 има донесено одлука дека платите на сите вработени „автоматски“ ќе се креваат за процентот на годишната инфлација.

За да нема распленување основа за математиката е стапката на инфлација во Белгија и Луксембург, каде инфлацијата е 9,4 односно 8,5 проценти. Крајната сума ќе биде одлучена од ЕУ комисијата.

20 јули 2022 - 09:41