Порно битката на оперативните системи

Корисниците на Виндоус и Мекинтош се конкретни околу порното и бараат по име и презиме. За разлика од нив, Линукс корисниците повеќе одбираат порно по категорија. На крај, сепак сите ја сакаат Лиса Ан.

85,5% од сите луѓе што доаѓаат да видат нешто на Порнхаб преку десктоп компјутер, користат Виндоус. Речиси 11% се Мекинтош, а 1,7% се Линукс. Во поделбата на најголемата група, од Порнхаб откриле дека месечно имаат и неколку илјади посетители кои доаѓаат од компјутери со Виндоус 95 и 98.

Кај мобилните телефони, за малку доминираат порно посетителите со Андроид, во однос на овие со Ајфон. Блекбери и Виндоус телефонот заедно немаат ни 5% од мобилните посети. Затоа пак кај таблет уредите корисниците на Ајпад со 3-1 доминираат во однос на Андроид таблетите.

Епл е подобар од Виндоус во веројатно најважната категорија - траење на посетата. Во тркањето кај десктоп уредите победуваат корисниците на Епл со просек од 9 минути и 31 секунда, додека Виндоус корисниците се на 8 минути и 39 секунди. Кај мобилните, Епл и Андроид се изедначени со просек на посета од 8:53 секунди кај првиот и 8:57 секунди кај вторите.

Во однос на содржина, топ 3 темите по оперативни системи се следните:

Виндоус
- Лиса Ан
- Медисон Ајви
- Бренди Лов

Мекинтош ОС
- Лиса Ан
- Медисон Ајви
- Бренди Лов

Линукс
- Сани Леоне
- indian
- mom

Андроид
- Лиса Ан
- Ким Кардашијан
- teen

иОС
- Лиса Ан
- Ким Кардашијан
- lesbian

Многу повеќе бројки тука

 

27 август 2014 - 15:01