Таг: тепачка

Договорена хокеј тепачка

Натпреварот од НХЛ лигата помеѓу Ванкувер И Калгари уште не беше ни започнат, а осум хокеари од двата тима заработија исклучувања од вкупно 204 минути заради масовна тепачка.

Масовна ракометна тепачка

Квалификацискиот натпревар за пласман на Светското ракометно првенство помеѓу репрезентациите на Словенија и Украина им припадна на домаќините кои победија со 35:23, но дуелот ќе остане запаметен по општата тепачка помеѓу ракометарите.

Трагичен крај на фудбалската сезона во Бразил

Последното коло од сезоната во бразилското првенство го одбележа жестоката тепачка помеѓу навивачите на натпреварот помеѓу Атлетико Параненсе и Васко де Гама.

Навивачки хаос во Порто

Навивачите на Порто нападнаа група на гостински навивачии пред дербито против Спортинг Лисабон по што повредени се 48 луѓе.

Тренер натепа навивач и си поднесе оставка

Аргентинскиот фудбал има проблем со насилни навивачи, но и насилни тренери. Поранешниот фудбалер на Арсенал и Интер, Нелсон Вивас поднесе оставка од тренерската функција во Килмес откако натепа навивач на трибина.

Парагвајски фудбалски хаос

Фудбалски натпревар помеѓу парагвајски нисколигаши беше прекинат откако судијата доби ќотек затоа што исклучи еден гостински фудбалер, а потоа покажа уште три црвени картони. Еден од фудбалерите му зададе удар за каков би можеле да му позавидат и професионални каратисти.

Тренер претепа судија во Иран

Ирански тренер на младински тим од Техеран нападна судија по завршувањето на натпреварот, а нивната пресметка продолжи во тунелот кон соблекувалните. Судијата заврши во болница, а тренерот во полициска станица.

Бадминтон хулигани

Сме виделе тепачки во скоро сите спортови, па редно беше да видиме една и на бадминтон. Двајца Тајланѓани кои на Олимписките игри настапуваа заедно, се степаа на бадминтон првенството во Канада, а едниот од нив заврши со два конци за исекотина на увото.

Боксерски крај на меч во Чиле

Кошкањата на мечот помеѓу Универзитад Католика и Унион Еспањола од Купот на Чиле, судијата во 94 минута ги реши со црвени картони. Но тоа беше нов почеток на натпреварот кој се претвори во боксерски ринг.

Прекинат меч во Аргентина заради убиен навивач

Втор прекинат натпревар во Аргентина за само три дена. Дуелот помеѓу Естудијантес и Ланус траеше само едно полувреме откако во нередите помеѓу навивачите и полицијата, загина еден гостински навивач, а друг бил сериозно повреден.

Навивачки нереди во Украина

Немили сцени на натпревар од украинската втора лига помеѓу Полтава и Олександриа. Полициските сили не успеаа да ги раздвојат навивачките групи и ситуацијата излезе од контрола.

23 години од натпреварот кој ја разгори Југославија

На 13 мај во 1990-та година требаше да се одигра натпреварот помеѓу Динамо Загреб и белградска Црвена Звезда. Инцидентите кои се случија на овој натпреварот го означија почетокот на распадот на Југославија.

Навивачи го претепале голманот на Стеауа

Голманот на романскиот клуб Стеауа, Разван Станка имал блиска средба со навивачите на градскиот ривал Рапид од Букурешт кои му скршиле прст на раката, повреда која ќе го одалечи од терените барем еден месец.

Шоуто на Роналдињо во сенка на тепачка со специјалци

Атлетико Минеиро го победи аргентинскиот клуб Арсенал со 5:2 во рамките на Копа Либертадорес, а стрелец на два погодоци беше легендарниот Роналдињо, но неговото шоу беше фрлено во сенка на тешкиот инцидент и тепачката на гостинските фудбалери со бразилската полиција.

Ај уште еднаш кажи дека Реал Мадрид е фаворит!

На водителите на една спортска емисија на локална ТВ станица од Истанбул, веројатно никогаш веќе нема да им текне да кажат лош збор за Галатасарај. За време на нивната вчерашна емисија тие дискутирале за натпреварот против Реал Мадрид и постојано велеле дека Галатасарај нема шанси по што веднаш следела реакција од лудите навивачи на турскиот клуб.

Ај пак влези на терен

Екипата на Бурсаспор загуби со 2:0 на гостувањето кај Касимпаша, а нивните навивачи секако не беа задоволни со резултатот. Еден од нив сакаше да го нападне голманот Харун Текин и долго време ќе се кае за ова негово влегување на терен. За неговата реакција ќе се кае и самиот голман кој на крајот го фрли дресот и стана најомразен фудбалер во неговата екипа.

Тепачка на трибината кај Лозарите и Чкембарите

По крајот на четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу Работнички и Фени, членови на Лозари кои беа потпомогнати од збратимената група Чкембари, се степаа наместо да ја прослават победата на Фени, па мораше да интервенира и полицијата.

Фудбалерите на Палмеирас нападнати од своите навивачи

Разочарани од поразот на гостувањето кај аргентинскиот клуб Тигре во рамките на Копа Либертадорес, навивачите на бразилскиот клуб Палмеирас ги нападнаа фудбалерите на аеродромот во Буенос Аирес.

Хокеарите го поправија впечатокот

Откако пред само три дена ја видовме тепачката на двајцата хокеари кои повеќе наликуваа на танчери, Дзурунски и Мекларен покажаа како се настапува машки на мразот. Нокаут ударот следеше по само 26 секунди од стартот на мечот.

Најлошата хокеј тепачка

Ако ова воопшто може и да се нарече тепачка, тогаш тоа е најлошата што се има случено на еден хокеј натпревар.

Делии и Гробари го прекинаа српското финале

Завршниците на кошаркарските финалиња во регионов не можат да поминат без инциденти. Само неколку часа по инцидентите во грчкото финале, навивачките групи на Црвена Звезда и Партизан се судрија во Крагуевац, по што финалето не го доживеа својот крај.

Навивачи се степаа на стадионот „Кралот Пеле“

Нови сцени на насилство ни пристигнуваат од земјата која следната година ќе биде домаќин на Светското првенство. Овој пат се судрија навивачите на ЦРБ и Санта Круз на стадионот „Кралот Пеле" посветен на најголемата бразилска фудбалска легенда.

Хрватски репрезентативец нокаутираше навивач

Кошаркарот на Цедевита, Марко Томас фрли сенка на завршницата на хрватски куп откако по крајот на натпреварот тој нокаутираше навивач на Цибона.

Помалку хокеј, повеќе тепање

Скратената сезона заради локаутот во НХЛ лигата донесе многу нервоза и повеќе тепачки од останатите регуларни сезони, па така некои денови има повеќе тепачки од натпревари.