Таг: песна

Кога Бајрон се обидел да купи 12-годишно девојче

Англискиот поет се заљубил во Тереза Макри додека патувал низ Грција. Во нешто што денес би се опишало како скандалозен чин, тој ѝ понудил на мајката на девојчето откуп за да си го носи дома.

Вистинското убиство кое ја инспирирало воведната песна од „Сопранови“

Многу пред стриминг сервисите да ја понудат опцијата за прескокнување на најавните шпици, милиони гледачи на ХБО ја слушале воведната песна „Се разбудив утрово“ пред секоја нова епизода. Иако не е напишана специјално за серијата, таа била инспирирана од теми поврзани со неа.

Доли Партон сними песна која нема да можеме да ја слушнеме до 2046

Познатата кантри пејачка често прави вонмузички креативни излети, од промоција на линија за љубимци (Доги Партон) до пишување роман од жанрот мистерија заедно со славниот Џејмс Патерсон. Последниот проект има врска со музиката, но истовремено има елементи на перформанс. Затоа што новата песна е всушност временска капсула. 

„Присенколинсинајнчузол“: пародичниот хит на непостоечки јазик кој сепак нешто значи

Пред 50 години, во ноември 1972, славниот италијански музичар Адријано Челентано имаше број 1 хит во својата земја, и покрај тоа што песната не беше испеана на италијански. Не беше ни на англиски. Всушност не беше испеана на ниту еден постоечки јазик.

Како грне и капаче: Секс пистолси и кралицата

„Год сејв д квин“ излезе како сингл во 1977, на сребрениот јубилеј на кралицата (25 години владеење), а подоцна беше вклучен во единствениот студиски албум на „Секс пистолс“. Како што се редеа годишнини од владеењето, така таа се реиздаваше. Нема причина да се наруши овој соживот на старите панкери и уште постарата кралица во текот на актуелните прослави на нејзиниот платинест јубилеј. 

Новогодишни ветувања

„Цврсто решив - ветувања како овие горе/лесно е да ги даваш ама тешко се држат;/затоа им приоѓам со темпо “кон долоре“/за отстапувањата прекорно да не ми ’ржат.“

„Лето е, и животот е лесен“ - приказната за антологиската песна на Гершвин

Со над 25.000 верзии, „Самертајм“ е најпреработуваната песна на светот. Напишана во 1934, таа е всушност оперска арија.

Прв пат објавена песна на Набоков за Супермен од 1942

Во „Тажаленката на човекот од утрешнината“, одбиена од Њујоркер во 1942, авторот на „Лолита“ го замислува суперхеројот како некој кој има голема, иако не баш човечка мака.

Омилената песна на Одри Хепберн

Пол Дезмонд, оригиналниот саксофонист од квартетот на Дејв Брубек, бил заљубен во Хепберн. Ѝ посветил песна, но никогаш не дознал дали воопшто ја имала слушнато.

Скриената низа на Фибоначи во метал песна

Спиралата е омилен симбол на Букбокс - го има и на Фејсбук профилот и на Твитер акаунтот. Знаевме дека го има на неолитски наоди, на сликите на Климт, во шифрата на сефот во „Кодот на да Винчи“, во „Одблесоци во вода“ на Дебиси. Но сега дознавме дека ја има и во песна на прогресивен метал бенд.

Приказната за поп-песната која исчезнала од лицето на земјата

Знаете она кога не ви текнува на име на актер, или наслов на книга, или име на песна? Лесно е, внесувате нешто асоцирано со нив во Гугл и обично машината ви го исфрла резултатот. Обично. 

„Ќе преживеам“: професорска верзија во време на коронавирус

Насекаде низ светот, па и кај нас, очајните времиња подразбираат очајни мерки. На пример држење настава онлајн, дури и за оние кои никогаш тоа не го пробале, ниту пак го сакаат.

Како се случува песна?

Jас не знам дали знам како се случува песната!

Queen ги напишале We Are the Champions и We Will Rock You за стадионски толпи народ

Фудбалската грозница во Велика Британија била толку голема што на мега концертите во пауза меѓу песните, публиката зсекогаш почнувала некоја навивачка песна (ни денес ништо не е сменето на прославите), па Фреди Меркјури се инспирирал да напишат нешто свое што ќе се пее.

Сиво, те сакам сино

Неодамна пишувавме за тоа дали бојата е физички ентитет, или е нешто што зависи од индивидуалната перцепција. Некој пак да ти имал песна токму на таа тема. За сината, која може да е и сива, и црна. 

Зошто You’ll Never Walk Alone е трагична песна а сите ја сакаат

Веќе 55 години навивачите на Ливерпул пред секој меч ја исполнуваат легендарната песна You’ll Never Walk Alone - и тоа не е просто само традиција, туку веруваат дека им носи чуда.

„Ирците“ кои ја смислија најзаразната песна на стадионите во САД

Ретко кој не го памти хитот Jump Around на коишто генерации скокаа на прослави, родендени, дружби. Во САД на стадионот на Висконси традиција долга 20 и кусур години е преку 80.000 души да скокаат на оваа песна. Делува страшно!

Кога политичар ќе фати да рецитира погрешна песна на погрешно место

Во случајов тој е Британец и се вика Борис Џонсон, актуелен државен секретар за надворешни работи на оваа земја. При посета на Мијанмар тој реши наизуст да кажува песна од Киплинг. И не можеше да сфати зошто толку упорно го запираат во таа намера.

Младите „револуционери“ кои заслужуваат одмор

Годината е 1970. Во Грција владее воената хунта, која се обидува да ја заштити земјата од наводна „комунистичка конспирација“. Од татковината поради политички прогон емигрираат стотици грчки интелектуалци-левичари.

Образовна песна за среќен почеток на годината

Дали би биле подобри ученици ако ни се даде шанса сè во животот да направиме по втор пат, како повторувачи во истиот клас?

Како запеа коментаторот на Спортклуб среде пренос

На три минути до крајот од големото финале на Евролига, Фенербахче имаше 18 поени предност што го натера хрватскиот коментатор на Спортклуб да го запее хитот на Џо Марачиќ - „Довидување и не плачи“.

Пeсната на Памела Андерсон посветена на Асанж

За благо збунувачките стихови на некогашната чуварка на плажата во епската поема која истовремено зборува за зеленчук, мобилни и загубената уметност на сексот пишувавме претходно тука. Сега таа повторно стана актуелна, со песна посветена на - Асанж.

Луѓето од „Брнинг мен“ - фестивалот на радикалното самоизразување

Илјадниците кои од вчера почнаа да се слеваат во Блек Рок во Невада делуваат како квази-хипици, дојдени среде пустина да се издуваат и да избегаат од досадното секојдневие. Но кои сме па ние да им судиме?