„Присенколинсинајнчузол“: пародичниот хит на непостоечки јазик кој сепак нешто значи

Пред 50 години, во ноември 1972, славниот италијански музичар Адријано Челентано имаше број 1 хит во својата земја, и покрај тоа што песната не беше испеана на италијански. Не беше ни на англиски. Всушност не беше испеана на ниту еден постоечки јазик.

„Присенколинсинајнчузол“, која во 1972 беше на врвот на италијанските топ-листи, била напишана за да се имитира начинот на кој англискиот јазик им звучи на оние кои не го зборуваат. Нејзиниот автор и изведувач, Андријано Челентано, кој денес има 74 години, вели дека сакал да ги надмине јазичните бариери кои за неговата генерација - растена на американска музика - биле големи, во време кога англискиот не бил толку лесно достапен за учење како денес. Наместо просто да го замени италијанскиот со англискиот тој напишал песна каде стиховите не значеле ништо.

Така настанала „Присенколинсинајнчузол“, чија прва снимка била сосема импровизирана низа од зборови кои се само акцентирани и изговорени така за да звучат „амерички“. Кога била прв пат издадена, во 1972, никој не ја забележал. Но тоа не го сопрело од нејзино изведување неколку години подоцна на италијанската телевизија. Веднаш се искачила на првото место на топ листите, не само во Италија туку и во Франција, Германија и Белгија. 

Песната има одлики на евро-поп, фанк, хаус па дури може да се смета и како првиот рап во историјата. Челентано ја пеел со лут тон поради својата фрустрација „што луѓето не комуницираат“. Таа е често користена во американски серии, па дури и во монтажа во која некои од зборовите се поклопуваат со начинот на кој ги изговара Славој Жижек. Еве ја:

5 октомври 2022 - 08:42