Таг: пандемија

Ковидот не, ама возрасните ги утепаа младите

Иако уште од почетокот на пандемијата беше јасно дека младите се без сериозен ризик од ковид, државите упорно ја тераа стратегијата на карантини и затворени училишта, колку да се смират родителите, медиумите, политичарите. Се изгубија милијарди образовни денови и сега чекаме да видиме што генерација ќе излезе од тоа. 

За еден ден Кина имала 37 милиони новозаразени од ковид

Во првите 20 дена од декември од ковид се заразиле 248 милиони Кинези или речиси 18% од населението на земјата, се тврди во белешките од состанокот на кинеската Комисија за национално здравје, од кои само во еден ден биле откриени 37 милиони нови случаи.

Тие што хејтаа „анти-ваксери“, сега бараат амнестија

„Зезање со смрт на анти-ваксер од ковид можеби е морбидно, ама е НЕОПХОДНО“ гласеа колумни во угледни медиуми во хистеричните времиња на пандемијата. Tие некогашни карантински апостоли сега пишуваат нови колумни во кои предлагаат да си простиме за тоа што си кажавме и правевме едни на други во црните денови на ковидот. А извинување, каму?

Колатералната штета од начинот на кој се боревме против пандемијата

Бројките се такви какви што се, но една од поважните пораки што Бил Маер сака да ја пренесе е дека колатералната штета не е од пандемијата, туку од начинот на кој ние се справивме со пандемијата, бидејќи тие протоколи не се напишани во камен.

Наставата што се изгуби во ковид е глобална катастрофа

Милиони деца низ светот кои во март 2020 беа попратени дома „за да ја израмниме кривата“ и „да го спречиме пикот“, се уште се немаат вратено во училница, и тоа е штета што цел свет ќе ја плаќа.

Како пандемијата ја промени иднината на градникот?

Во последниве две години, продажбата на фармерки, штикли и формална облека руши рекорди во паѓање. Пандемијата донесе нова униформа, каде што сè што е неудобно или дотерувачко за кратко време го снемува, па не е ни чудо што луѓето шпекулираат дека градникот - едно од најиритантните парчиња во гардероберот на секоја жена - е на раб на исчезнување.

За Бил Гејтс никогаш не е доволно лошо

Да не биде после дека само тој знаел, Бил Гејтс алармира дека нè чека бетер пандемија, и наместо уште една идна несмасна реакција како за коронавирусот, владите уште од сега да почнат да инвестираат милијарди долари во борба против идни вируси и зголемување на производството на вакцини.

Како да ти објаснам...

Кога би можеле да се вратите во времето и на самите себе да си ја објасните пандемијата, што би кажале?

Заразно е: пандемијата прави да пцуеме повеќе

Стресот, ерозијата на границите помеѓу приватното и професионалното и намалувањето на опциите за релаксирање по напорниот ден во текот на актуелната пандемија, прави да сме посклони да опцуеме, макар и само симболично.

Најновиот патувачки тренд се вика трип-стакинг

„Редење патувања едно врз друго.“

Кога завршува една пандемија?

Има стратегии што владите и заедниците ги користат за да задржат и да завршат пандемија и некои методи се подобри од другите. Ние имаме стратегии како да се преправаме дека ни е супер, еве излегуваме, ама во исто време „нешто мора маска“.

„Психологија на пандемијата“: книгата којашто никој не сакаше да ја објави

Во октомври 2019 австралискиот психолог Стивен Тејлор објавува нешто што подоцна ќе излезе пророчка книга. Тоа едвај му успева, бидејќи издавачите на коишто им се обратил не верувале во нејзината релевантност и комерцијалност. Сега се бара примерок повеќе.

Како пандемијата ги направи фонтовите по „мили“

Сеизмичките историски настани можат да ја насочат креативноста во нови правци. Допрва ќе се види што ќе изроди актуелната пандемија, но едно е веќе јасно и се однесува на типографијата и фонтовите.

Паничен грип и велигденски јајца

Втора година по ред ни се преклопуваат две теми - пандемијата и велигденските празнувања. Во збирка кратка проза на Влада Урошевиќ објавена во 2010, значи една деценија пред Ковид-19, овие две нешта мистериозно коегзистираат на страниците на книгата, во два расказа. 

Над 1000 нови зборови во германскиот од почетокот на пандемијата

Некои се постари а сега станаа повторно актуелни, а други се новосоздадени кованици. Сите тие се обидуваат да го опишат она што луѓето од германските говорни подрачја го минуваат последнава година. И имаат баш добри решенија од кои може да зајмиме.

„Соништа“ - документарец за моќта на волјата во време на неволја

На 30 јануари 1969, во тешка година за бендот, Битлси ненајавено изведуваат концерт на покрив во Лондон.
На 30 мај 2020, во година обележана со пандемијата, неколкумина пријатели со фамилиите и комшиите се собираат на свирка на сличен покрив во Ниш. Целиот потфат останува забележан на камера.

Медицинска сестра ќе биде единствената публика на филмски фестивал на далечен остров

Швеѓанката Лиза Енрот била избрана од 12.000 апликанти, кои посакале да гледаат раат филмови на островот Патер ностер.

Радијаторот бил измислен како оружје против пандемија?

На преминот од 19 кон 20 век вентилацијата на живеалиштата, како превенција од заразни болести, ги инспирирало инженерите да дизајнираат топлински системи на пареа, кои и денес се користат.

Mузеј почна да собира пандемиски соништа

Една од последиците на психолошки тешкиот период кој го живееме е тоа што нашите соништа станаа поживописни и повознемирувачки. Сега еден лондонски музеј повикува волонтери да му ги раскажат.

Eпидемија, карантин, политички немири: заборавениот роман на полски автор од 1930-тите

Бруно Јасиенски (1901-1938) бил полски писател-водач на тамошното футуристичко движење меѓу двете светски војни. Неговиот подзаборавен роман „Го горам Париз“ стана повторно актуелен во време на пандемијата. А има и зошто.

Тантал и последната тоалет хартија: старогрчки митови сред пандемија

Нарцис малку предолго се ѕвери во својот одраз во тек на видео повик. Заглавена дома, Медуза се обидува да ги пресече своите палави кадрици.

Почнува најголемиот саем на книги во светот - како ќе изгледа?

Денес, 14.10, почнува Франкфуртскиот саем, кој како и многу други традиционални настани нема да личи на себе. Сепак, за разлика од други големи книжевни саеми годинава кои беа откажани, овој барем се одржува.

Експериментот за учење од далечина од 1937

Без оглед на сè што се случува последниве месеци, децата си се деца и тие растат без оглед дали е пандемија или не. Им требаат нови искуства, контакти, и начини на кои ќе бидат образовани. Ова го знаеме сега, но го знаеле и во текот на претходните пандемии.

Што се случило кога претседателот на САД фатил грип во 1918?

Вудроу Вилсон се разболел во текот на мировните преговори во Париз, но на јавноста никогаш не ѝ била кажана вистинската приказна.