Таг: пандемија

Зошто ни е тешко да дочитаме книга во текот на пандемијава?

Рубрикава е меѓу другото за читање книги и една од нејзините цели е да го промовира читањето. Но што кога и оние што вообичаено сакаат да читаат едноставно немаат концентрација и енергија за тоа? Мора нешто да не е во ред. Aма што?

Акедија: заборавеното име за чувството кое го имаме сега

Се сеќавате на почетокот на пандемијата кога сликавме како ни стасува тестo? Се собиравме онлајн на пијачка. Се фалевме со новооткриени хобија и како ги занимаваме децата по дома. Каде отиде сиот тој жар? Го изеде - акедија.

Наравоученија од Фиренца: после пандемија светот може да биде подобар

На сета мака, од чумите и ковидите може и нешто да се научи. Како што тоа го направила Фиренца во 14 век. И како што можеме и ние, ако навистина сакаме.

Пандемијата на „синџир-писма“ среде пандемијата

Дали деновиве ви се случило да добиете мејл, или да ве спомнат во пост, во кој се бара да го напишете омилениот рецепт, да препорачате книги или да размените стихови поезија и истите да ги препратите понатаму? Методот е стар, но поентата е иста - споделување и социјализација. 

„Книшкиот ангел“ кој разнесува книги низ Лондон

Мили Џинет за време на пандемијата формирала Фејсбук група за размена на книги. Само два дена подоцна собрала околу 300 примероци од праговите на понудувачите низ јужен Лондон. И потоа самата ги доставила до заинтересираните.

Kaзина се отвораат, библиотеки (уште) не!

Во момент кога студентите подготвуваат испити, учениците треба да почнат да читаат лектири, а многумина конечно имаат време за читање или тоа им е потребно како анти-стрес терапија, нашите библиотеки се затворени. И не само тоа, туку колку што сме информирани немаат ама баш никаква активност која би можела на пристојна дистанца да ја врши својата основна мисија.

Крај (или адаптација) на минимализмот?

Минимализмот до неодамна беше гласна максима во дизајнот, уредувањето на домови и потрошувачката воопшто, со апели за воздржување од трупање и расчистување на вишоците. Сега со пандемијата ова (малку) се менува.

Kaко ќе изгледа „социјално дистанциран“ театар?

Познатата театарска група Берлинер Ансамбл отстрани 500 од своите 700 седишта за да се подготви за повторно отварање на есен, согласно германските политики на социјално дистанцирање. Како и повеќето вакви мерки, целата работа делува како од дистописки филм.

Паван Сухдев: „Време е човештвото да мине низ својата следна еволуција“

За економистот на животната средина Паван Сухдев, поранешен високопозициониран банкар, кризата со коронавирусот уште повеќе ја нагласува потребата од драматична промена на нашата врска со природниот свет.

Приказните кои требаше да нè подготват

Дека пандемијата не требаше да нè изненади покажува супер кат од десетици филмови во кои е содржано предупредување (и по некој совет) во врска со неа. Интересното е што некои од овие филмови на прв поглед немаат никаква врска со темата. 

Насим Николас Талеб: Пандемијата не е „црн лебед“!

Teрминот воведен од либанско-американскиот статистичар и аналитичар на ризици Насим Николас Талеб често се спомнува деновиве како соодветен за опис на она што ни се случува. Ама наместо да се радува, самиот Талеб е резигниран, затоа што e погрешно разбран.

Дали и вие имате необични соништа деновиве?

Малку време требаше да помине од пандемијата, па луѓе низ целиот свет да почнат да известуваат дека нивните соништа станале поживописни, побизарни од обично. Истражувачите се обидуваат да објаснат зошто.

Бргу ќе заборавиме како е да се живее во изолација

Нормално е ненормалното да се потисне во меморијата, за да може да се живее понатаму. Така било низ историјата, така ќе биде и сега. 

Не плукај!: пандемиски постери низ историјата

Пред интернет, информациите од јавен карактер, па и оние за заразни болести, биле пренесувани преку еден фундаментален графички медиум: постерот.

Го знаеш оној за короната?: смешното во време на трагедија

Хуморот ни создава чувство дека ситуацијата е под контрола (штом за неа можеме да се смееме), и дека сме поврзани со други луѓе, на кои истата работа им е смешна. Па има ли подобри причини за повеќе да се смееме во моментов?

Сите ние сме Едвард Хопер

Веројатно нема подобра визуелна илустрација на осаменоста во модерната историја на уметноста, од делата на човекот кој сликаше социјално изолирани луѓе. Кои не изгледаат тажно, но сепак предизвикуваат чувства на носталгија и меланхолија кои тешко се изразуваат со зборови.