Таг: Мигранти

Духовите кои чекаат шанса да се префрлат во Македонија

5 порции бамји, 4 порции пилешко, 4 салати и 10 шишииња вода. Вака изгледа една вообичаена телефонска нарачка во кантината во Идомени. Нарачките немаат адреса на доставување. Но, се носат.

Британецот на кој му пукна филмот од политичарите

Како што изминативе години дебатата околу мигрантите успева да проникне во секоја можна тема што ќе се најде на дневен ред во Британија (а и општо во Европа), така се намалува и трпението на "публиката" околу информациите што се шират како факти за мигрантите.

Мигрантско чудо?

Откако Европа ќе ги вдоми мигрантите, тие се на ред да го завршат својот дел од "договорот" и да ја подобрат демографијата и работната сила на континентот, што за возврат би ја спасило европската "социјална држава". Проблемот е што нема основа да се верува во ова.

Основи на сексот, за мигранти

Со карактеристично Дата ниво на социјална интелигенција, германската влада ја пушти веб страната со технички упатства за дојденците од Блискиот исток за тоа што е дозволено, а што не во сексот во германската култура.

Зборував со човек осуден на смрт

Да не даде Бог, еден ден да треба со жив мртовец да зборувате. Во очите да не даде Бог смртта едвај заобиколена да ја видите. Севишниот да ве чува од приказни како некој близок се чека на јаже да го гледа публика. Да не даде Бог предвреме да умирате без пенкало од кое тече животен сируп инсулин наречен. Уште помалку да помислувате како да спасите некој кој чека во смрт да биде вратен порано или подоцна. 

Документарец снимен од африкански мигрант

Победник на Берлинскиот филмски фестивал, кој заврши викендов, е италијанскиот документарец „Оган на морето" на Џанфранко Роси, кој зборува за животот на медитеранскиот остров Лампедуза среде мигрантската криза. Но и вон главната фестивалска програма беше прикажан еден интересен филм, токму на оваа тема.

ПСЖ се скара со М.И.А. поради дрес во спот за мигрантите

Пари Сен Жермен бараше преку Универзал Мјузик да се тргне спотот за песната Граници (Borders) на англиската пеачка М.И.А. затоа што видеото ја нарушувало престижната репутација на клубот.

Ханеке ќе снима филм за мигрантската криза

По неговиот оскаровец „Љубов", Ханеке се враќа со „Среќен крај", којшто ќе се занимава со судбината на бегалците кои се обидуваат да влезат во Европа.

Уште утре би си одел дома

Тарик Аџаџ е човек кој бегајќи од ИСИС и војната од Северен Ирак стигна до Финска. По неколку месеци таму, Тарик е доволно пишман што некогаш стапнал во земјата за да инсистира да го вратат назад.

Одете си, сè ќе ви платиме

За сите баратели на азил во Норвешка важи понудата од Владата доброволно да се вратат од каде и да дошле, а за возврат ќе добијат десетици илјади норвешки круни за среќен пат (1000 круни се 6.500 денари). Во понудата е покриен и патот назад, повторно, до кај и да треба.

Врати широко подзатворени

"Едноставно не може," е пораката со која шведскиот премиер објави дека земјата го укинува ол-инклузив режимот за бегалците и неограничените гратиси за влез во земјата. Од сега, и Шведска ќе работи само на ЕУ минимумот.

Мексиканците се пакуваат од САД

Денес во САД влегуваат помалку Мексиканци отколку што од таму излегуваат. И тоа нема врска со заканите на Доналд Дамб дека ќе ги протера илегалците.

Шведска ги замоли бегалците да причекаат во Германија

Без да се меша во политика или дипломатија и чисто по основа на ланец на снабдување, шведска Икеа објави дека заради неочекувано големата побарувачка предизвикана од напливот на азиланти, веќе се на последните резерви со кревети и душеци, а не дека можат да отидат во Икеа и да купат уште колку им требаат кревети.

Кралот на бреговите

Само што испратив четири бродови за Грција, и од тоа кај мене во џеб завршуваат 10 илјади долари, се фали Малик ал-Бехар (Кралот на бреговите) во интервјуто на Њу рипаблик, 38-годишниот Сириец кој господари со најголемиот ланец за шверц на Сиријци од Измир во Европа.

Мигрантската криза ќе трае цела една генерација

Се лажат сите оние кои веруваат во брзо решавање на кризата со мигрантите од Сирија и други места. Тоа е проблем кој ќе мора да се носи цела  генерација, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони.

Американците пред да бидат Американци

Од 1-ви јануари 1892-ра до затворањето во 1954-та, преку островот Елис во САД имаат влезено над 12 милиони бегалци од цел свет. По некои математики, 40% од денешните Американци водат потекло од имигрантите влезени во САД преку островот.

Словенечкото дерби одложено, нема доволно полиција

Властите во Словенија одлучија да го одложат првенственото дерби меѓу Олимпија Љубљана и Марибор, затоа што речиси сите полицајци и редари се ангажирани во решавање на мигрантската криза.

Наместо без граници, Европа e денес без срам

Европјани се шокираа од ужасот на очајните луѓе оставени на немилост на немирните морски води. Ќе речете, знаеме, не е тоа некоја нова вест. Точно дека не е нова, ама можеби не знаете колку е стара.

Манчестер, не се трпиш веќе

Пред неколку вечери, наспроти сите природни инстинкти, нелегален мигрант влегува во полициска станица во Манчестер и застанува на шалтер со едно единствено барање до полицијата - аман, депортирајте ме назад во Иран, доста ми е од градов.

Мареј ќе донира 50 фунти од секој ас за бегалците

Сликите и извештаите за бегалците од Сирија ширум Европа го потресле британскиот тенисер, кој реши да донира по 50 фунти од секој успешен сервис на турнирите до крајот од годината.

Фудбалски Тел Авив за и против бегалците од Сирија

Голем број навивачки групи ширум Европа кои се за прифаќање на мигрантите убедливо водат против оние за кои мигрантите не се добродојдени.

Како весниците ја пренесоа сликата со детето

Нилуфер Демир од новинската агенција Доган ја направи фотографијата од мртвото тело на 3-годишниот Ајлан Курди, исфрлено на брегот во близина на Бодрум, и последователната фотографија од турскиот полицаец кој на раце го носи телото на момчето.

И Европа бега во ЕУ

Она што се сега се случува во Европа, кое ете и нас нè зафати па некогаш да се чувствуаме како дел од Европа, се смета за најголемата бегалска криза од Втората светска војна, која заврши со 40 милиони бегалци во Европа.

Како е правилно: бегалци или мигранти?

Ако е некаква утеха, најголемиот авторитет на светов на тема бегалци, Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации а.к.а. УНХЦР, го дели вашиот став за статусот на сите овие луѓе кои периодов ја минуваат земјава, во смисла дека како и да кажеш ќе згрешиш.