Таг: масимо морати

Смена на претседатели, 12 тренери и милијарда евра за трансфери

После повеќе од една деценија Интер и официјално го тргна Јувентус од тронот на Серија А и ја освои 19-та шампионска титула во историјата и прва од 2010-та година.

Од крадец на велосипеди до најголем Казанова во Европа

Во својата биографија Бобо Виери раскажува како ја пцуел жена му на Морати без да знае која е, колку пари изгубил на покер со Роналдо, за интимите со најубавите манекенки во Италија и за Ферарито кое му го купил контроверзниот Хесус Хил од Атлетико Мадрид.

Човекот кој и душата би му ја потпишал на Интер

Како мал станувал во 5 сабајле за да разнесува млеко и да заработи 80 пезоси. По работата одел во вежбална, па на тренинг. Никој од младинските тренери не верувал дека слабичкиот Хавиер ќе стане професионален фудбалер, а тој одигра повеќе од 700 средби.

Алваро Рекоба се збогува со фудбалот

Фантастичниот Уругваец (40) кој беше миленик на Морати и сите Интеристи во четврток ќе се повлече од активното играње фудбал, а на прошталниот меч ќе дојдат многу светски фудбалски легенди меѓу кои и соиграчите од Интер.

Како Денис Бергкамп влијаел на кариерата на Панчев

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња им даваше голови на Оливер Кан, на Тафарел и на Шмајхел и како четирикратен најдобар стрелец во југословенската лига замина во големиот Интер. Но таму не му тргна како што очекуваше.

Роналдо: Сакав многу да се вратам во Интер, но го одбраа Адријано

Бобо Виери го раскажа денот пред заминувањето на Роналдо од Интер, а „Феноменот“ викендов беше во Милано, гледаше Интер – Сампдорија, беше исвиркан, а новинарите го навратија на времето кога се врати во Милано, но не во Интер.

Незаборавниот херој на миланското дерби

Еден од ретките на кого му сметале силните милански светла и кој го презирал фудбалот затоа што се чувствувал како роб. Слободата ја нашол во сурфањето на бранови, уживал да спие по плажи во Бразил.

Најголемата грешка на Вратислав Грешко

Словакот кој за навивачите на Интер е главен виновник за несреќно загубената титула во 2002. година се повлече од активното играње фудбал и работи во театар во родниот град. Сè уште повторува дека не е единствен виновник за Олимпико 2002.

Јуве е како една убава дунда која не ме возбудува

Во најновите изјави кои редовно ги собира на купче Газета дело Спорт, главен актер е Антонио Касано кој додека паузира со фудбал, им прави сериозна конкуренција на Ибрахимовиќ и Балотели во однос на давањето контроверзни изјави.

Масимо Морати сака да се врати во Интер

Човекот кој 18 години беше претседател на Интер пред година и пол го продаде клубот на Сингапурецот Ерик Тохир, а сега сака да се врати кај својот миленик кој сè повеќе тоне.

Шампионскиот паркинг на Жулио Цезар во Киево

Во јануари 2005. година, Интер го пазареше најдобриот бразилски голман кој претходната година ја освои Копа Америка со Бразил и веднаш го позајми во Киево поради големиот број на странци. На Бентегоди беше четврт голман.

Збогувањето на Снајдер со Интер преку Твитер

Во јануари сега веќе пред две години, откако одби смалување на платата, црно-сините го продадоа Холанѓанецот во Галатасарај, а тој и пред сè жена му претходно преку Твитер ги прекинуваа сите шпекулации за тоа дали останува или оди.

Морати: Занети е историјата на Интер

Челичниот Аргентинец кој две децении се пробива како воз низ секоја можна одбрана во Серија А, вчера го најави неговото пензионирање. За неговата иднина не треба да се даваат прогнози, тој очекувано останува како важен дел од семејството на клубот.

Морати: Судиите се плашат да ни свирнат пенал

Интер синоќа одигра само 0:0 на домашен терен против Удинезе, а покрај слабата форма, во корист не им одат ниту судиските одлуки.

Ерата на Морати низ бројки

На денешното собрание на Интер новиот газда од Индонезија Ерик Тохир беше и официјално назначен за нов Претседател на Интер кој по две децении ја превзема функцијата на Масимо Морати. 

Џентлменот на Интер кој си замина со 16 трофеи

Солзи, радост, турбуленции, успеси. Во 18 годишната ера на „Џузепе Меаца" Масимо Морати успеа да ги надмине најголемите кризи на клубот, но и да ги дочека најблескавите моменти, како историската 2010 година кога Интер стана првиот италијански тим со тројна круна во една сезона.

Кој е индонезискиот тајкун кој е на чекор до Интер?

Екипата на Интер која на минатогодишните подготовки на агендата имаше индонезиска турнеја и каде беше пречекана од многу навивачи, не поминала незабележана од 43 годишниот милијардер Ерик Тохир кој е на повидок да стане првиот сопственик од Азија на италијански клуб.

Морати се премисли и врачи 19-ти отказ

По поразот од Јувентус, претседателот на Интер, Масимо Морати тврдеше дека Клаудио Раниери ќе остане до крајот на сезоната. Не поминаа ни 5 часа, а тој го најми и петтиот тренер за последните 15 месеци.