Јуве е како една убава дунда која не ме возбудува

Во најновите изјави кои редовно ги собира на купче Газета дело Спорт, главен актер е Антонио Касано кој додека паузира со фудбал, им прави сериозна конкуренција на Ибрахимовиќ и Балотели во однос на давањето контроверзни изјави.

„Јас претседател на Бреша? Па јас Бреша не ни знам каде е, разбирате? Каде се наоѓа Бреша? Никогаш не сум бил вo Бреша, не сум стапнал таму“, Клаудио Лотито, претседател на Лацио.

„Еднаш Касано го зема телефонот на докторот и на сите им ја испрати следнава порака: Знаеш кој е мртов? Докторот потоа доби 200 повици“, Фреди Гуарин од Интер.

„Јуве е како една убава дунда која не ме возбудува“, Антонио Касано

„Во првите два месеца без фудбал бев добар, јадев како магаре и се здебелив 10 кила. А ако јаде како вол?“, Антонио Касано

„Какви совети ќе им дадам на Јувентус за финалето во ЛШ? Сепак ќе и ги дадам на Барселона“, Масимо Морати

„Јуве победува четири години, навикнат е. Но сигурно ова е последната година во која ќе победува“, Матео Ковачиќ од Интер.

„Бев во Реал Мадрид, но не се забавував бидејќи освоив титула со 100 бодови и 121 постигнат гол, а одигравме три или четири меча во цело првенство. Оваа година одморив неколку играчи против Брадфорд и загубив. Тоа е англискиот фудбал“, Жозе Мурињо.

„Тепачката со Боатенг? Секој ден има по 22 играчи на терен, има премногу тестостерон и често треба да се случуваат овие работи“, Роберт Левандовски.

„Со мои уши слушнав претседатели на разни федерации како првите луѓе на ФИФА ги споредуваат со ѓаволот, а потоа кога зборуваат пред камери велат дека се како Исус Христос. ФИФА живее во диктатура“, Луис Фиго.

„Ариго Саки може да каже што сака, а може да се случи да каже и некоја глупост“, Масимо Морати му реплицира на Саки кој рече дека тројната титула на Интер во 2010-та е срам, бидејќи во прв состав не играле Италијанци.

„Голот со Сасуоло е многу важен за мене“, Алекс по поразот на Милан од 3:2.

„Се сеќавам дека по спасот на Козенца од испаѓање трчав се до катедралата Сан Франческо ди Паола. Тоа беше огромна тешкотија, но тогаш бев млад“, Еди Реја, тренер на Аталанта.