Шампионскиот паркинг на Жулио Цезар во Киево

Во јануари 2005. година, Интер го пазареше најдобриот бразилски голман кој претходната година ја освои Копа Америка со Бразил и веднаш го позајми во Киево поради големиот број на странци. На Бентегоди беше четврт голман.

По неговото доаѓање во Италија, Жулио Цезар беше познат само како сопруг на Сузана Вернер, поранешната девојка на Роналдо кога играше за Интер во 1997. година. По осум години, симпатичната Бразилка повторно се врати во Италија, со нов партнер, уловен меѓу репрезентативците на Бразил.

Ако во Италија не го познаваа доволно, голманот беше многу популарен во Бразил: број 1 на репрезентацијата, освои Копа Америка 2004 во финалето против Аргентина, кога му одбрани пенал на Андрес Д'Алесандро.

Интер во тој момент меѓу стативите го имаше незаменливиот Толдо и кој и да дојдеше, во очите на навивачите ќе беше негова достојна замена и број 12. Сепак, поголем проблем за Интер беше лимитот со странски фудбалери во составот и нераѕурите мораше да направат нешто, за да го обезбедат Жулио Цезар.

Масимо Морати се обрати во Киево и побара нивна дозвола, Жулио Цезар да „се паркира“ во клубот од Верона. Тренерот на Киево, Кампедели се согласи, иако во Киево на голот веќе беа ветераните Маркеџани, Берета и Маркон. Поради тоа, Жулио Цезар беше преселен на трибините и во следните шест месеци од таму го гледаше Киево.

„Летечките магариња“ не смееа да испробуваат ништо, затоа што грчевито се бореа за опстанок во Серија. Лука Маркеџани (сега стручен коментатор на Скај спорт Италија), а поранешен капитен на Лацио поради слабата форма му се обратил на тренерот Кампедели:  „Шефе, ако сакате да го пробате малиот, немам никаков проблем со тоа и ќе се тргнам настрана“.

И покрај тоа, до крајот од сезоната, Жулио Цезар ниту еднаш не застана на голот, но напорно тренирал сè со цел да се врати во Интер како прв голман. Како телепатија, на Жулио Цезар во сезоната 2005/2006 се сетил Роберто Манчини и го повикал за на припремите во Пинетина. Првиот натпревар во дресот на Интер го гледаше од клупата, Суперкупот против Јувентус, а Манчини одлучи мечот да го започнат оние кои ја изнеле претходната сезона.

Веќе на летните припреми на Интер се смени хиерархијата и Манчини сè повеќе доверба му даваше на бразилскиот голман, во однос на легендарниот Франческо Толдо од Падова. Жулио Цезар во Серија А дебитираше на 28. август 2005-та, во првото коло против Тревизо. Интер славеше лесно, благодарение на Адриано (херој на Бразил во Копа Америка), кој на голманот на Тревизо му даде три голови.

Самир Хандановиќ се викаше тој голман, кој сега којзнае каде брани.