Таг: фан клуб

Македонските лацијали на гостување во Букурешт

Оваа сезона им е за раскажување. Може да се пофалат со две гостувања во Лига Европа, како и со пречек на легендата Роберто Манчини во Скопје. Резултатот не им потрефи, но се враќаат со убави спомени. Имаа средба со Симоне Инѕаги, човекот кој им донесе фудбал и резултати за уживање.

Македонските Топџии кои 10 години заедно дишат со Арсен Венгер

Нашето јубилејно 10-то запознавање со фан клубовите од Македонија е со навивачите на Арсенал кои веќе една деценија се организираат во чест на нивниот омилен клуб. 150 се регистрирани членови, а 80 од нив беа неодамна на гостување во Софија на ЛШ, каде урлаа од радост на пресвртот кој го направи Озил со мајсторија во финишот.

Славеа и Црвените од Скопје

Првото историско англиско дерби кое по 194 битки на островот се префрли во Европа, на големо го следеа и македонските навивачи на Ливерпул кои во бројка од околу 50 души се радуваа на победата од 2:0 против Манчестер Јунајтед на првиот осминафинален дуел од Лига Европа.

Македонските лацијали го развиорија знамето во Рим и дадоа интервју пред Колосеумот

Првото патешествие на навивачите на Лацио од Македонија во ЛЕ кога 25 души беа во Софија на гостувањето против Лудогорец не им се посреќи. Синоќа ни пишаа од Рим, среќни и задоволни со победа од 3:1 против Галатасарај и гол на Клосе кој го прогнозираа во интервју.

2015-та е за навивачите

Оваа година отворивме нова рубрика и ја крстивме „навивачи“ без кои нема фудбал. Страста, емоциите, патувањата, победите, поразите и зошто им даваат поддршка ни раскажаа девет македонски фан клубови.

Сините од Македонија кои го красат Стемфорд Бриџ

Рубриката „навивачи“ која ја отворивме за да ја полниме со луѓето без кои не може фудбалот, ја продолжуваме со првиот официјален фан клуб признат во странство. Се спремаат за Париз на осминафинале во ЛШ, каде велат дека би спиеле и на клупи.

Малме и Париз им беа попатни станици до Ел Класико

Навивачите на Меренгес од Македонија успешно ја заокружија богатата 2015 година во која ги бодреа Кралевите ширум Европа. Ни раскажаа за контактот со уредникот на реномираниот АС и зошто настанал проблем со поставувањето на македонското знаме на трибините каде се наоѓа групата Ултра Сур.

Среќен 5-ти роденден МУСЦ - Македонија

Најзагреаните македонски навивачи на Манчестер Јунајтед влегоа во нашиот караван на посети кои со голем ќеиф ги правиме во фан клубовите. Вчера наполнија пет години откако се собираат заедно да ги гледаат „Црвените ѓаволи“, а ние им честитаме и за денешното големо засилување.

Дортмунд продал 7.500 нови дресови за една вечер

Борусија Дортмунд е клуб кој има најголема посетеност во Германија, сезонските карти им одат како алва, а права борба имало и за новиот сезонски дрес на Милионерите.

Страста за Баерн Минхен во Македонија

Прилепчанецот Никола Брајановски возеше 100км со точак до Охрид за во друштво да го следи полуфиналето од ЛШ против Барса, а Александар Змејкоски на Олимпико во Рим имаше можност да гледа како неговиот омилен тим победува 7:1. Ви ги претставуваме навивачите кои не трепкаат кога игра Баерн.

За Лацијалите од Македонија дозна цел Рим

За рубриката „навивачи“ следни кои ни ги раскажаа своите искуства поврзани со омилениот клуб оддалечен на 2.000 км се македонските фанови на Лацио. Тие имаа две среќни ждрепки во Лига Европа кои им го донесоа Лацио во Скопје и Софија. 

Пења мадридиста - гласот на Реал во Македонија

По италијанските и англиските ФАН клубови, свое место во караванот на Офф.нет доби и ФАН клубот на Реал Мадрид од Македонија. Ни раскажаа за вистинското лице на Пепе, за ракувањето и средбата со Флорентино Перез и идејата Реал да отвори камп во нашата земја.

Македонските срца кои чукаат за Манчестер Јунајтед

Играта на Црвените ѓаволи привлекува внимание и кај деца од 9 години. Таков е случајот со Фросина која ѕиркала во телевизорот додека била на роденденска забава и се заљубила во Манчестер. Во Македонија има 397 навивачи на Јунајтед кои членуваат во здружение кое го координира Васко, навивач од времето на легендарниот Ерик Кантона.

За нив Ливерпул е религија

Членовите на македонскиот фан клуб на Ливерпул и после две недели сè уште се под импресии од дербито со Јунајтед кое го гледале во живо на Енфилд Роуд. Ни раскажаа како го организирале најмасовниот собир на еден фан клуб во регионот, како смрзнале во Софија и по што ги запаметил Крег Белами.

Дебаклот на Борусија Дортмунд на големо се славеше во Македонија

По дружбата со македонските фанатици за Рома и Интер, гледавме Лига на шампионите со над 100 навивачи на Јуве. Речиси секое коло имаат претставници во Торино каде собрале автограми од Конте, Недвед, Ањели, а имаа урамено парче од тревата на која трча италијанскиот шампион.

Нема ден да не помислат на Интер

По разговорот со македонските навивачи на Римската волчица, овој пат за Офф.нет се отворија Интеристите кои се сигурно едно од најбројните фан здруженија во регионот. Ни кажаа како го изненадиле Ханданович во Скопје и со кој фан клуб никогаш не би седнале на иста маса.

На Рома – Јувентус со романисти од Македонија

Како големи љубители на спорт, особено фудбал секојдневната наша пасија и обврска ни е да ви го пренесеме најинтересното, најзабавното за читање и тоа што сметаме дека е најуникатно за Офсајд. Но фудбалот носи многу страст и емоции, а тоа ќе ви го раскажат наши деца кои патуваат илјадници километри за својот омилен клуб.

Дуран Дуран го тужат својот фан клуб

За пари пари. И да покажат дека не се глупи глупи.