Таг: бокс

Докторите што стравуваат за здравјето на Мекгрегор

Со целата можност и ова да е дел околу целиот циркус што и претходи на борбата во сабота, група доктори смета дека на ММА шампионот никогаш не требало да му биде дозволено да боксува против Флојд Мејведер.

Мекгрегор и Мејведер се закачнаа на промоција

На официјалната промоција на мечот ’Борба на векот’, Флојд Мејведер и Ирецот Мекгрегор се внесоа лице во лице еден со друг и како снаа и свекрва се надвикуваа. Дали е ова дел од сценариото за публика или двајцата стварно не се поднесуваат, останува да видиме. Борбата е на 26 август во Лас Вегас каде за првпат во историјата ќе боксуваат шампион од УФЦ и боксерски првак.

Извини дебели ама ништо не ми можеш

Кога ќе ги видиш на прва, мислиш дека ќе го фати со две раце ќе го крене во вис и ќе го исфрли од ринг, ама не оди тоа така. И Вардар за противници на Фајнлфор во ЛШ ги доби Барса и ПСЖ, па на крај ги исплеска.

Најлудиот потег на Тајсон за кој плати казна од 3 милиони долари

Тешко е да се состави листа на контроверзни моменти од кариерата и животот на Мајк Тајсон бидејќи ги има многу, ама лесно е да се сети човек на најидиотската и најгрдата глупоштина која ја има направено во ринг. Се случи на денешен ден пред точно 20 години и веќе знаете за што станува збор.

2 месеца до најголемата борба во историјата на боречките спортови

Фанови и публика (претежно) се за Мекгрегор, едноставно ова е негов момент на слава и уште се навлечени на приказната на Ирецот. Од друга страна сè што е стручна боксерска фела (дури и тие што навиваат за Мекрегор) отворено кажуваат дека не постои сценарио во кое Мејведер го губи боксерскиот меч со ММА првакот. На 26-ти август ќе видиме што ќе се случи.

На боксерите не им е секогаш до тепање

Сè што не сте виделе и очекувале од луѓе на кои работата им се состои во тоа да се пресметаат и измлатат во ринг го има во ова видео. Уште бакнеж фали.

Циркусот Мејведер - Мекгрегор го упропастува боксот

Еден од најголемите боксери во историјата, олимпискиот златен медал Оскар Де Ла Хоја вели дека секојдневниот панаѓур што го прават Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор пред нивниот меч, сериозно го нарушува угледот на овој витешки спорт.

Новиот боксер број 1 е поранешен ѕидар и затвореник кој сакал да игра шах

27 годишниот Британец со потекло од Нигерија освен што како мал покажал знаци дека е јак и дека ќе се занимава со некој спорт, тој е и по малку “луд“ победник. Впрочем и каков треба да бидеш за да влезеш во ринг со Кличко и да го победиш 19:0.

Зошто деца уште во основно треба да учат бокс

Млитавите, од интернет оштетени деца, од боксот само можат да зацврстат и да добијат лекции по посветеност и само-контрола, и затоа е потребно негово враќање во училиштата како спорт.

Кличко на колена, Џошуа е нов светски шампион

Во фантастичен боксерски спектакл пред 90.000 луѓе на легендарниот стадион во Лондон, британскиот боксер Ентони Џошуа го победи Владимир Кличко во 11. рунди и стана нов светски првак во тешка категорија.

Свештеникот кој стана професионален боксер за да спасува

Кога младинскиот центар на Отец Дејв Смит бил пред затворање, тој сфатил дека треба да стори нешто. Станал професионален боксер со цел да заработи доволно пари, за да го сочува центарот за лекување на зависници од дрога.

На овој не е човек да му даде фудбал да игра

Судијата му дели црвен картон, а овој го прави бумбар. Така тоа функционира во третата лига во Гватемала.

Удри гонгот и за Мухамед Али, Елвис Присли на боксот

На 74 годишна возраст почина Мухамед Али, најголемиот на сите времиња. Почна како Касиус Клеј, продолжи како Мухамед Али но без разлика на името и на верата, секогаш му беше јасно што му е кармата: "Тревата расте, птиците летаат, јас тепам."

Кубанецот кој ги боксуваше судиите

Педро Карденас од Куба и Вилијам де Вит од Канада во борба стара 34 години. Вилијан се држи добро, Педро почнува да паѓа физички, ама и психички па сите мети пред себе ги гледа како противници. 

Мухамед Али го продава кампот во Пенсилванија

Дер Лејк, познатиот тренинг камп и музеј на легендарниот боксер се најде на продажба, а цената изнесува 495.000 долари. Во него преку постери и разни предмети сè уште е присутен Мухамед Али.

Реваншот Кличко - Фјури во мај

Реванш дуелот за титулата светски првак во тешка категорија веројатно ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати во мај.

Тајсон Фјури избран за боксер на годината

Реномираниот весник The Ring кој од 1928-ма ја врачува наградата за најдобар боксер на изминатата година, во конкуренција на Флоид Мејведер јуниор, Саул Алварез, Генадиј Головкин и Роман Гонзалес го избра Британецот Фјури.

Најдобрите 10 нокаути на годината

Не е за деца со пуканки пред телевизорот, затоа што во секој момент некој од тешкашите на мечот може да се струполи со лице на рингот, нокаутиран од противникот, момент за боксерските гурмани.

Колку чинат предметите од култниот филм Роки

Силвестер Сталоне ставил на добротворна аукција повеќе од 1.400 предмети од своите филмови, меѓу кои и неколку култни спортски предмети од улогата Роки Балбоа.

Како Мухамед Али му одржа лекција на Доналд Трамп

По неодамнешниот предлог на еден од кандидатите за претседател на САД на сите муслимани да им се забрани влез во САД, поранешниот светски боксерски првак не можеше да премолчи на тоа.