Мухамед Али го продава кампот во Пенсилванија

Дер Лејк, познатиот тренинг камп и музеј на легендарниот боксер се најде на продажба, а цената изнесува 495.000 долари. Во него преку постери и разни предмети сè уште е присутен Мухамед Али.

Изградена во 1972. година по инструкција на самиот Али, огромната куќа во Пенсилванија се состои од неколку рингови, терени и 18 простории.
 
Таму Мухамед Али ја градеше својата легенда и ги подготвуваше борбите што ја испишаа историјата на боксот, како оние против Џо Фрејзер, Џорџ Форман и Кен Нортон.
 
Комплексот Butterfly & Bee Bed and Breakfast сега се продава за 495.000 долари, а тоа место речиси 20 години беше место каде тренирале Силвестер Сталоне, Хауард Косел, Семи Дејвид Џуниор и Френк Синатра.

Целиот комплекс има три спални соби, теретана, кујни, трпезарија, 10 помали соби и ринг каде Али спарингувал со колегите. Комплексот бил реставриран во 1997. година, 17 години откако шампионот го користел за последен пат кога се спремал за мечот против Тревор Бербик.
 
Како што пренесува Боксинг Њус, присуството на Али се гледа во секој агол, почнувајќи од фотографии, ракавици, како и лист кој тој самиот го напишал („Будење во 4.45, тренинг, трчање, тренинг“).
26 јануари 2016 - 10:57