Спектакл на Вембли

Кличко на колена, Џошуа е нов светски шампион

Во фантастичен боксерски спектакл пред 90.000 луѓе на легендарниот стадион во Лондон, британскиот боксер Ентони Џошуа го победи Владимир Кличко во 11. рунди и стана нов светски првак во тешка категорија.

27-годишниот Ентони Џошуа му одржа лекција од бокс на до синоќа несовладливиот Украинец Владимир Кличко (41) и стигна до апсолутна доминација во светот на боксот - го одбрани IBF трофејјот, но ги освои и IBO и WBA титулите.

Младиот боксер од Вотфорд победи со одлука на судиите. Првите четири рунди не донесоа епски бокс, но веќе од петтата рунда, Џошуа влезе без калкулации и успеа да го собори Кличко со страшна серија на удари.

Украинецот успеа некако да се врати, па дури и да преземе инцијатива а во шестата рунда дури и го патосираше Ентони.

Потоа до 11. рунда одново класичен бокс, без многу возбудувања и кога сите мислеа дека судиите ќе го имаат последниот збор повторно на сцена стапи Џошуа кој со нова серија удари го нокаутираше боксерот кој е 14 години постар од него и долги години доминира во овој спорт.

Џошуа ја оствари 19. победа во кариерата и тоа со нокаут, а Кличко синоќа го придодаде петтиот пораз во кариерата (има 64 триумфи). Ова по се изгледа беше последна борба во кариерата на ветеранот.