Таг: Балкан

Првиот и последен каубоец на Балканот родум од Тетово

Во 2019 се навршија 20 години од смртта на Хари Џексон, роден во Тетово како Аљуш Мусли, кој на осум години се преселил во босанска Биелина. Како и голем број деца од тоа време, бил фасциниран од Дивиот запад. До толку што го променил името и почнал да снима вестерни.

Koга Бафало Бил настапувал низ Европа

Американски скаут, ловец на бизони, шоумен, слободен масон, Бафало Бил е еден од најживописните ликови на американскиот Див запад. Неговите шоу програми на каубојски теми биле вистински хит, но не само во САД, туку и во Европа. Ништо чудно да бил и во Македонија, а тоа никаде да не е регистрирано.

Од Бразил до Балканот: стапиците на деминутивот

Сè почна од текст во кој се анализира зошто Бразилците сакаат да зборуваат по „бебешки“, односно зошто користат голем број деминутиви. За од Бразил набргу да стигнеме до друго Б - до Балканот.

Брана, брана друже мој

На реката Рашка пред некое време се поставува проточна еко-брана од компнијата Секопак, чија цел не е да запира вода, туку да запира основна домашна невоспитаност манифестирана како фрлање пластични шишиња во река. За еден викенд браната собира 3 тони пластични шишиња, на една единствена локација на која е поставена. Рашка не е ни меѓу топ 50-те најдолги реки во Србија.

Дајте му ги дресовите на Велешанецот, само тој ги заслужува

Кога еден клуб е закован за дното, бележи слаби резултати, се бори за опстанок и на крај дури испаѓа од лига, навивачите со право бараат оставки од управата, бараат играчите да си одат, а претходно да ги соблечат дресовите зошто не се достојни да ги носат.

А која тоа војна на Балканот сме ја избегнале или одложиле

Овој пат изгледа невозможно да се замисли мир по уште една таква војна. Има само една причина зошто таа војна, сепак, нема да ја има. Тука веќе нема ништо стварно важно. Благословените се неважни.

Динамо Загреб не сака да игра во регионална лига

На Балканот последните неколку недели гласно се зборува околу новата регионална фудбалска лига, а од УЕФА не само што дадоа зелено светло туку и одредија богат награден фонд за учесниците. Но Балканот не би бил Балкан ако нема потешкотии.

Ни беше подобро кога ни беше полошо

„На Србинот отсекогаш му требал водач“, кажа некој и го погоди менталниот склоп на избирачот на брдовитиот Балкан. Меѓутоа нам отсекогаш некако помил ни бил претходниот од овој сегашниот. А и кога овој сегашниот во скора иднина ќе биде претходен, и тој нам ќе ни биде помил. Можеби затоа што сме мислеле дека нам ни е помило под нив или затоа што сме биле помлади. Кој да го знае.

Како треба да изгледа прав едноминутен молк

Кога едноминутно молчење се одвива пред 60.000 луѓе на стадион, а никој не зуцнал, тогаш може да се каже дека навистина мува да пројде ќе се слушне. Ајакс - Цволе во чест на Јохан Кројф.

Субверзивноста на балканските жени

Веројатно се сеќавате на списокот на 10 особини на балканскиот менталитет. Но дали има нешто специфично за балканските жени? Светлана Слапшак зборува за нивниот статус, кој историски и актуелно е мешавина на понизност и бунтовност.

Ако ние ги затвориме границите, ќе има војна на Балканот

Бранејќи ја својата политика за отвореност кон бегалците, германската кацеларка Ангела Меркел предупреди на формулата од која многумина сè повеќе страхуваат.

Враќањето на балканското прашање

"Мора да се европеизира Балканот, за да се избегне балканизација на Европа." Овие зборови ги напишав заедно со францускиот политиколог Жак Рупник во 1991-ва, во моментите кога започнуваше војната меѓу земјите наследнички на Југославија. Борбите ќе траат до крајот на деценијата, ќе однесат илјадници животи, и два пати ќе има потреба од интервенција на НАТО (во Босна 1995-та, и Србија 1999-та).

Кратка историја на Балканот

Го прескокнуваме делот со античките народи и почнуваме директно од моментот кога Словените стапнуваат на Балканот. Периодот од тогаш до сега, генерално вака звучи:

Валкане мој

Според објавената листа на приоритети, јавните банки од ЕУ во нашиов регион ќе инвестираат во мегаломански и валкани технологии, како и во производство за извоз во Унијата. Ако се знае дека и Американците агресивно буткаат термоелектрана на лигнит во Косово, енергетската иднина на Балканот е 'чиста" работа.

Не зори, зоро

На 19-ти јануари во Атина ќе се одржи масовен анти-фашистички протест, организиран од 24 организации со најразлична политичка позадина, сите насочени против растот на Златна зора и фашизмот во Грција.

„Не можеш бе наш човек да заебеш!"

Балканските народи можеби негуваат меѓусебна омраза, ама околу едно се согласни: модерните државни системи се најголемиот душман на „нашиот“ човек, митолошкиот бог на измамата. Целата историја на таканаречениот напредок, е завера како тој да се заебе. Избор на антологиски примери во кои тој - јунакот - го возвраќа ударот.