Кратка историја на Балканот

Го прескокнуваме делот со античките народи и почнуваме директно од моментот кога Словените стапнуваат на Балканот. Периодот од тогаш до сега, генерално вака звучи:

Балкан е место на кое Римјаните ги тепале Аварите, за потоа Аварите и Словените да ги тепаат Римјаните, а потоа Словените да ги тепаат Келтите и Аварите, по што Словените биле тепани од страна на Турците и Угрите, кои меѓусебно се истепале, за на крај Турците да бидат истепани, а на Словените им останало да се тепаат со Угрите.

По ова Угрите им помогнале на Австријците, ама Словените ги здробиле сите и им го убиле престолонаследникот. По ова, тие добиле помош од Германците, ама ним не им било доволно Словените да ги претепаат еднаш, туку дошле втор пат по уште, и тоа со помош на Италијанците, Бугарите, Арбанасите и Угрите. Словените конечно, помогнати и од Западот и од Истокот, ги претепале сите заедно, за на крај, кога веќе немало никој со кого да се тепаат, а и на никого не му било гајле за нив, Словените почнале да се тепаат меѓусебно.

22 март 2014 - 12:19