Зошто великанот Рони О’Саливен играше со лакирани нокти?

Најдобриот снукер играч во историјата, синоќа на Отвореното првенство на Англија играше со лакирани нокти во розева боја. Изјави дека го направил тоа во знак на поддршка на кампањата за борба против рак на дојките кај жените.

„Другар ми Ендрју ме праша дали би можел да направам фотографија со лакирани нокти за неговата хуманитарна организација. Му реков, заборави тоа, ќе играм и цел меч на турнирот ако сакаш. Беше пресреќен. Навистина е одлично што имам можност да ја ширам свеста за овој вид на рак кај жените, бидејќи е навистина важна работа“, изјави Осаливен.

13 октомври 2020 - 09:20