Одржано мечувалечкото првенство на Македонија

Тасевска Мила и Војдан Тодоровски се шампиони на Македонија во сениорската конкуренција во категорија сабја. Во категорија меч злато освија Ристоска Настасја и Александровски Марјан. Најдобар клуб на шампионатот е МК Вардар со 6 златни медали.

Државното првенство во мечување, во организација на Мечувалечката федерација на Македонија се одржа на 27. и 28. септември во машка и во женска конкуренција. Натпреварите се одржаа во салата на државното средно училиште „Методи Митевски - Брицо".

Најдобар клуб на шампионатот е МК Вардар 6 први и 3 втори места, а зад него следат МК Ан Гард со две втори и едно трето место и МК Работнички со по едно второ, трето и четврто место.

Сениорска категорија (сабја) - мажи:
1. Тодоровски Војдан, МК Вардар
2. Александровски Марјан, МК Вардар
3. Анастасов Александар, МК Вардар
4. Шоповски Љубомир, МК Борец

Сениорска категорија (меч) - мажи:
1. Александровски Марјан, МК Вардар
2. Александровски Томи, МК Работнички
3. Илиевски Давид, МК Работнички
4. Трбогазов Илија, МК Работнички

Сениорска категорија (сабја) - жени:
1. Тасевска Мила, МК Вардар
2. Ристоска Настасја, МК Вардар
3. Божин Јелица, МК Вардар
4. Делиниколова Ида, МК Вардар

Сениорска категорија (меч) - жени:
1. Ристоска Настасја, МК Вардар
2. Божин Јелица, МК Вардар
3. Делиниколова Ида, МК Вардар
3. Шумковска Матеа, МК Борец

Категорија до 14 години, машка конкуренција:
1. Божинов Марко, МК Вардар
2. Јовановски Филип, МК Ан Гард
3. Китановски Владимир, МК Ан Гард
4. Стојковски Андреј, МК Вардар

Категорија машки до 12 години:
1. Стојковски Андреј, МК Вардар
2. Пешев Иван, МК Ан Гард
3. Шевченко Михаил, МК Вардар

Категорија женски до 12 години:
1. Шумковска Матеја, МК Борец
2. Китановска Марија, МК Ан Гард

 

30 септември 2014 - 16:00