Уника со одлична игра до победа над ЕВН

Екипите на Раде Кончар и УНИКА стигнаа до победи во вториот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Сава Осигурување и Еуролинк одиграа без победник.

Наумоски со 4 гола му ја донесе победата на Раде Кончар во дуелот со Факом
Раде Кончар 7-6 (3-3) Факом
Раде Кончар: Стефан Ицовски 5’13’ Горан Наумоски 19’20’37’ 40’ Сашо Василовски 25’
Факом: Бојан Јовановски 8’ Љупчо Дракалски 12’ 34’ Боро Мисердовски 14’ Шенол Аџировски 29’ Бобан Китановски 39’

Деветнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Раде Кончар и Факом. И двете екипи во исклучително возбудлив натпревар со висок ритам успеаа да ни приредат одличен фудбал за очи. Вoпрвото полувреме се играше израмнет натпревар во кој и двете екипи постигнаа по три гола со кој резултат (3-3) се отиде на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам играјќи крајно израмнет фудбал. Екипата на Раде Кончар во своите редови го имаше Наумоски Горан кој покрај тоа што постигна 4 гола успеа да го постигне и победничкиот гол во последните секунди од натпреварот со кој Раде Кончар славеше со 7-6.

Во осигурителното дерби Сава Осигурување и Еуролинк ги поделија бодовите
Сава Осигурување 3-3(3-2) Еуролинк
Сава Осигурување: Коста Глигуровски 4’ 8’ Мирче Маринковиќ 11’
Еуролинк:Филип Блажевски5’Ивица Стефковски 17’ 23’

Осигурителното дерби го одиграа екипите на Сава Осигурување и Еуролинк. Во првото полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да искористи повеќе од шансите кои и беа пружени па со подобра реализација ја изненади екипата на Еуролинк и стекна предност на полувремето од 3-2. Вторто полувреме беше во знакот на Еуролинк кој успеа да направи резултатски пресврт со кој го израмни резултатот и на крајот и двете екипи во крајно израмнет натпревар кој заврши со 3-3 ги поделија бодовите.

Уника со одлична игра до победа над ЕВН
ЕВН 3-7(1-3) Уника
ЕВН: Ајет Новобрдарија 18’ 29’ Вилијам Митев 37’
Уника: Влатко Деспотовски 11’ 23’ Бенјамин Граинца 15’ 17’ Арбен Нухиу 26’ Бесими Нухиу 34’ Шабан Чупи 36’

Екипата на Уника уште на самиот старт во дуелот со ЕВН влезе мошне мотивирано со одлична игра во делот на нападот преку кој успеваше да дојде до водство и одржи во текот на целото полувреме. Екипата на ЕВН не можеше да најде против игра за вечерва расположената Уника па на полувремето се отиде со резултат од 1-3 во полза на Уника. Во второто полувреме екипата на Уника продолжи во ист ритам и од минута во минута успеваше да го зголемува водството кое на крајот изнесуваше високи 3-7.

19 април 2017 - 10:18