Страшен пад на Французинка на спуст која вриштеше од болки

Скијачката трка во спуст која важи за една од најопасните е во полн ек. Околу 30 скијачи ја завршија, но не и 23 годишната Камил Серути која леташе како партал.

Серути ја загуби контролата при спуштањето на еден скок, се сруши на земја и со влечење стигна до заштитната ограда.

Колку мина лошо на трката ќе може да сфатите од извиците од болка кои можат убаво да се слушнат на видеото.

Нејзиниот тим излезе со информација на Твитер во врска со повредите.

„Таа страда од кинење на предниот вкрстен лигамент, а има повреда и на внатрешниот менискус на десното колено. Во најбрз можен рок ќе биде вратена во Франција“.

Алпската скијачка трка во спуст е една од најопасните дисциплини, а тоа се должи на големата брзина и острите вртења.

Покрај тоа, наклонот е исто така екстремно усогласен и скијачите треба да направат неколку скокови во височина за да ја завршат трката.

15 февруари 2022 - 11:10