Соничен бум се слушна на Ролан Гарос, Париз се застресе

Тениската среда почна со неколку „бомби“: Прво Ник Кирјос го нарекол Хачанов глуп пеликан, Серена Вилијамс се повлече поради повреда, а на мечот од 2. коло меѓу Стен Вавринка и Доминик Кепфер се слушна страшен звук во далечина.

Додека играа шампионот од Ролан Гарос од 2015, Швајцарецот Стен Вавринка и Кепфер, во еден момент пред Кепфер да сервира, се слушна громогласна експлозија:

Со оглед на тоа што уште е календарска чудна 2020, Интернетот се исплаши дека е некој терористички напад. Претходно во едно предградие на Париз минатата недела напаѓач со нож ранил две лица, а сега по денешната експлозија се пишуваше дека се затресле дури и доковите на река Сена.

Но набрзо префектурата на Париз ги успокоила сите: „Никаква експлозија нема, тоа беше ловец (авион) кој ја проби звучната бариера. Немој да ѕвоните на службите!“

Во аеродинамиката звучната бариера е редок нагол скок на воздушниот отпор кој се јавува кога авионот ќе ја достигне брзината блиска до брзината на звукот (331 м/с или 1.191,6 км/ч). 

Суперсоничната авијација почнала активно да се развива во 1950-те и 1960-те години. Прв трансоничен авион бил советскиот МиГ-17 на крајот од ’40-те години (во сериско производство се појави како МиГ-17Ф(.

Прв сериски надзвучен ловец е американскиот F-100 Super Sabre.

Во цивилното воздухопловство постоеле само две надзвучни летала: советскиот Ту-144 и култниот англо-француски Concorde. Последниов 27 години го користеа Brittish Airways и Air France, но беше повлечен од употреба по катастрофата непосредно над Париз во јули 2000-та кога авион кој летал за Њујорк се запалил веднаш по полетувањето и 2 минути после полетувањето се срушил над еден хотел.

30 септември 2020 - 16:19