10 работи што не ги знаеш за децата, сè додека не добиеш деца

Авторката на листава е мајка со 3 деца - 5 години, 3 години, 1 година, на која сега ѝ е незгодно што на времето и бил пукнат филмот кога луѓе ќе ѝ кажеле "немаш поим како е да имаш деца, додека не добиеш свои." Сега има деца и сака да потврди дека - немаш поим како е да имаш деца, додека не добиеш свои.

1. Децата се гадни

Најголемиот дел од луѓето без деца го разбираат ова во теорија - децата какаат и мочаат и повраќаат. Ама во пракса кога си родител, ТИ си тој што го чисти сето ова (буквално) срање. И не станува збор само за менување пелени или вежбање на нокшир. Тоа ти следува. Туку на пример кога на детето ќе му текне да се искака на под. Во трговскиот. Или кога ќе реши да мочка во тоалет во Таргет, ама ќе заборави да ги соблече пантолоните.

Ова нема да бидат изолирани инциденти. Посебно кога ти се мали децата.

Кога сме веќе кај грозните работи што го прават децата, сакам да нагласам уште еден факт: децата си ги јадат мрсулите. Мислам дека луѓето сакаат да мислат дека само децата на другите луѓе го прават ова, ама тоа не е точно.

2. Децата се валкани

Без разлика колку чистиш пред јадење, ти ќе најдеш трошки во креветот (твој или нивни), трошки во тепихот, во дупките од каучот. Трошките ќе се множат и ќе мигрираат дури и во твојот автомобил.

Како дополнување, трошките ќе ги најдеш во се' во твојата куќа, вклучувајќи ги и твоите деца. Играчки, книги, ДВД-а, во фрижидерот, далечински, мобилниот, мачката. Мора да имаш резерва од хартиени марамици да ги бришеш отпечатоците што ги оставаат на огледалата, на телевизорот или мониторот. Мора да имаш многу крпи за да го избришеш сокот што го истураат. На секој можен оброк. И треба да најдеш добар детергент за алишта.

3. Децата собираат резерви

Ако имаш деца ќе имаш играчки. Она на што не бев подготвена е дека тоа ќе значи дека целата куќа ќе ми биде претворена во продавница за играчки. Продавница за играчки која само што експлодирала. И потоа сите играчки имале односи и родиле нови и нови генерации на играчки. Исто како и трошките и овие не можеш да задржиш.

Дури и да не им купуваш многу играчки, може да се кладиш дека пријателите и роднините ќе им купат. И тоа обично овие што ги купуваат ја имаат најгласната и најдосадната музика, или можат да бидат искористени за да направат многу бука. Да не збориме за оние ужасни играчки што ги добиваш со детските оброци. Оние што се кршат после 18,25 секунди играње со нив. Оние што децата излудуваат ако не дај Боже ги најдат во ѓубре.

4. Децата се гребатори

Децата обично спаѓаат во две категории - 1. оние што јадат се и сешто, и 2. оние што не јадат ништо. Ако имаш повеќе од едно дете, веројатно ќе добиеш од двете категории. Или па твоето дете може еден месец да биде во едната, а следните во другата категорија.

Без разлика во која категорија се, тоа ништо не важи кога ќе те видат тебе со јадење. Ќе сакаат да ти се умилкуваат и да "делат" се што ти јадеш. И не е ни важно што јадеш: "Begetables, mmmmm, I lub begetables!" "Fish, I lub fish!" "Spicy, mmmmm, I lub spicy."

5. Децата не спијат

Не спијат ти кога сакаш. Зборувам за распоред за спиење. Како на пример кога твоето дете ќе научи да дреме секој ден од 10 до 12 и така цели 6 недели, и потоа на денот кога ќе имаш нешто испланирано баш во тој период, на него ќе му текне "Батали дремење!"

Истото важи и ако очекуваш тие регуларно да станат наутро за да можеш да отидеш некаде на закажано. Апсолутно можеш да сметаш дека децата ќе ти се успијат на утрата кога некаде треба да бидеш на време, а потоа дека ќе станат први на утрата кога можеш да поспиеш. Секогаш е вака. Се додека не престане. А тогаш нема да имаш поим кога воопшто ќе заспиеш затоа што немаш поим кога твоите деца ќе заспијат. Едноставно сакаат да те држат во неизвесност.

6. Децата нон-стоп сакаат внимание

Многу, многу внимание. Да бидеме искрени. Новороденчињата, не можат ништо да направат. Треба да ги храниш, да ги повиваш, да ги бањаш, да ги превртиш, да ги лулаш, да ги кренеш во раце, да ги легнеш, да ги нишаш...

Потребата од внимание само се зголемува како што растат децата.

Она што треба да се знае е дека на децата никогаш нема да им треба нешто кога си станат или пак кога ги прашуваш дали нешто им е треба. Не. Потребата се создава во моментот кога ќе седнеш да јадеш или да се одмораш или кога ќе отидеш во тоалет.

7. Децата се премногу искрени

Секако дека сакаш децата да ти бидат искрени и да признаат кога направиле нешто. Меѓутоа проблемот е што тие се уште го немаат развиено филтерот кој на возрасните им помага да не кажат на глас некои работи.

Некои од хипотетичните ситуации што може да ги чуеш вклучуваат:

- стомакот ти е мек
- нозете ти се влакнести
- здивот ти е бљак
- имаш мрсул во носот
- смрдиш
- колку ти се големи цицките

8. Децата кршат работи

Ова е неизбежно. Твоите деца ќе кршат работи. Затоа не купувај скапи работи за деца. Играчка од 1 долар е полесно да се замени отколку некој редок предмет од колекција.

Децата не ги кршат само своите работи. Нема магија што ги спречува да ти ги кршат твоите работи. Мобилните ќе завршат во тоалет, очилата ќе бидат згазени, каучот ќе биде обоен со маркери, светлата во автомобилот ќе бидат оставени, каблите за полнење од компјутерот ќе бидат замотани околу столицата. И не познавам ниту едно семејство со целосен комплет на чинии и чаши. Најголемиот дел од уништувањето ќе биде случаен.

9. Децата се удираат. Многу!

Знаев дека повремено ќе заплачат, ама немав поим колку често можат децата да се испоудираат. Се започнува во моментот кога сами ќе можат да се движат и ова не престанува. Се тркалаат во работи, паѓаат од работи, се сопнуваат, наидуваат, се дават и стапнуваат работи. Децата се трапави. Или не знаат подобро. За среќа, иако можеш апсолутно да очекуваш да се удрат, најголемиот дел од овие повреди можат да бидат поправени со бакнежи или неколку фластери.

10. Вашите деца вредат за целиот овој труд

Не можеш да замислиш колку многу можеш да сакаш друг човек сè додека не добиеш деца.

Мајката со трите деца

18 ноември 2013 - 16:04