Скорсезе снима филм за Тајсон, Џејми Фокс тренира за главната улога

Петнаесет години по крајот на кариерата на Челичниот Мајк, Холивуд конечно реши да снима филм за еден од најголемите боксери во историјата. Идејата постои уште од 2014-та но дури сега ѝ се навратија.

Кино продуцентите во Америка сериозно тргнале во реализација на биографски филм за животот и кариерата на Мајк Тајсон и за таа цел палката му ја доверија на врвниот Мартин Скорсезе (пред 40 години сними филм на иста тематика - „Разгневениот бик“/The Raging Bull).

ПРОЕКТОТ ЗА ИГРАН ФИЛМ ЗА ТАЈСОН СЕ СПРЕМА ПЕТ ГОДИНИ, А ФОКС ДА СЕ НАБИЛДА КАКО МАЈК ВЕЖБАЛ СЕКОЈ ДЕН

Разговорите за филм за најмладиот светски шампион во тешка категорија датираат уште од есента 2014-та, а во пролетта 2015-та компанијата Paramount објави дека главна улога ќе игра Џејми Фокс.

Шефовите на компанијата дале согласност за утврдување буџет откако за реализација на проектот се заинтересирал и самиот Мајк.

„Само што бев во студиото на Paramount со Мајк Тајсон. Ќе ја снимам неговата приказна“, изјавил Скорсезе тогаш.

Во тој период учество во проектот потврдил и Фокс. Џејми важи за еден од најдобрите глумци во Холивуд и од сите негови конкуренти за улогата, најмногу го доловува Тајсон.

Но од таа 2015-та немаше никакви новости за филмот, а Скорсезе во меѓувреме снимаше други филмови меѓу кои и „Irish Man“. Но во јануари 2019-та година кога гостуваше во подкастот кај Џо Роган, Тајсон прокоментира на темата.

„Сега пишуваат сценарио за филмот за мене. Уште ништо не сум видел, но ќе биде многу јако. Најјако е што ќе ме игра Џејми Фокс. Он може да игра секого“.

А деновиве интервју за Фокс дал Марк Бирнбаум и потврдил дека филмот задолжително ќе се снима.

„Да се одработи биографија не е лесна работа, понекогаш требаат и 20 години, но ние ќе успееме. Јас се дружев со Мајк, го видов неговиот пик на кариерата и неговиот пад. Во филмот ќе бидат прикажани тие моменти“, рекол Џејми Фокс.

Џејми вели дека и активно се подготвува за улогата и дека дневно прави по 60 склека и 100 стомачни.

Претходно Џејми Фокс веќе играше улога во филмот за најголемиот боксер во историјата - Мухамед Али. Фокс тогаш играше помошник тренер Али Дру Браун. 

СКОРСЕЗЕ НЕ ПЛАНИРАЛ ДА ГО СНИМА „РАЗГНЕВЕНИОТ БИК“ ЗОШТО НЕ ГЛЕДАЛ СПОРТ, АМА ОВОЈ ФИЛМ МУ ГО СПАСИЛ ЖИВОТОТ

Пред точно 40 години на екраните се појавил филмот „Разгневениот бик“ кој зборува за животот на поранешниот светски боксерски шампион во средна категорија Џејк Ламота

Игран филм во црно бело кој станал култен: неверојатна ролја на Роберт Де Ниро кој го играл Ламота а исто така и легендата Џо Пеши кои се појавил како тренер и брат на Џејк во филмот - Џои Ламота.

Филмот имал многу позитивни критики и станал еден од најгледаните во '80-те години. Де Ниро за улогата на Ламота го добил вториот и до денешен ден последен Оскар за главна машка улога.

„Разгневениот бик“ денес е класика на светската кинематографија и треба да го гледа секој, а не само ако ве интересира боксот како спорт.

Во филмот малку се зборува за боксот, а повеќе за Ламота како човек со незгодна нарав и сложен темперамент во семејството. 

Интересно, уште во 1978 година Скорсезе не можел ниту да претпостави дека ќе снима филм за боксер. Мартин просто не го сакал спортот и не го гледал. Во тоа време тој се навлекол на кокаин и за малку не умрел после едно предозирање.

Во болница го однел Роберт Де Ниро и му предложил да ја реализираат идејата за Ламота. Скорсезе прво бил категорички против но Де Ниро секојдневно го убедувал.

Подоцна славниот режисер вели дека работата над „Разгневениот бик“ му ја реанимирала не само кариерата туку и животот. Од 1980-та година тој не употребувал наркотици.

Гледачите се навиваат дека Скорсезе ќе го долови животот на Тајсон како човек, не како спортист во рингот.

23 јуни 2020 - 09:11