Што коли возат познатите спортисти

Најголем дел од светски прочуените спортисти кои заработуваат астрономски суми пари, најчесто бираат монструозни автомобили и се лош пример за помладите. Но има и такви на кои гигантски џипови не им значат ништо.

Вејн Руни - Ford SportKA

Фудбалерот кој во последните неколку години зема над 250.000 фунти НЕДЕЛНА плата, на почетокот на својата кариера од Евертон добил Форд СпортКА, автомобил кој сè уште го вози сопругата на Руни. Иако сите се подбивале со малиот автомобил, Руни како помлад не сакал на подарокот да му гледа во заби. Денес во својата колекција има Ферари и Мустанг.

Бену Асу-Екото - Smart Car

Камерунскиот репрезентативец е еден од ретките скромни фудбалери. За него пишувавме дека купува стари копачки и дека не сака да ги следи модните трендови на брендираните компании за спортска опрема.

Леброн Џејмс - Lamborgini Aventador Roadster

Во годините додека настапуваше за Мајами, Леброн побарал од спонзорот Најк да му го украси Ламборџинито во боите на Хавајската кошула. Инаку чудовиштето од кола не седи долго во гаража, затоа што Леброн ја изнајмува на љубителите на брзо возење за 7.000 долари дневно.

Крис Андерсен - Dodge SportChassic P4XL

Центарот на Мемфис познат по прекарот Брдмен вози габаритен ѕвер висок 3 метри и долг 6,7 метри.

Асамоа Гијан - Rolls-Royce Phantom Drophead Coupe

Напаѓачот од Гана рано се збогатил со настапи во богатите азиски првенства и можел да си приушти автомобил вреден 550.000 долари. Кога се враќа во родната Акра, луѓето трчаат по него како да дошол вселенски брод.

Ел-Хаџи Диуф - Cadillac Escalade

Сличен мегаломан е и сенегалскиот позер кој играше во Ливерпул.

Сали Мунтри - Mercedes Brabus G63 AMG 6*6

Уште еден фудбалер од Гана се решил да потроши 900.000 долари за тенк, а не кола. Во Гана имало анегдота дека локалните мештани го прашувале дали ќе ја користи за превоз на компири.

Мунтари не само што пати од мегаломанија, туку и од безвкусие

Шекил О'Нил - West Coast Customs monster truck

Да нема сомнеж кој е сопственик на овој ѕвер, тој стави краток потпис - „Шек".

Робин ван Перси, Томас Вермален - Nissan Figaro

Години наназад, додека играа во лондонскиот Арсенал двајцата холандски фудбалери покажаа спецфичен и префинет вкус за автомобили и во гаража го држеа овој мал штослест модел.

Двајт Хауард - Knight XV

Хауард вози рачно изработен автомобил од кој има само стотина примероци во светот. Вози на биогориво.

Флојд Мејведер - Koenigsegg CCXR Trevita

Дали листава може да се замисли без Мејведер? Човекот кој пред пар години купи автомобил вреден 4,8 милиони долари. Само три вакви модели се произведени, а чудесијата од кола може да „лета" со брзина од 402 км/час. Едниот чип е обложен со дијамант.

Дарен Мекфаден - Buick Centurion

Во 2010. година, играчот во американскиот фудбал кој сега настапува за Далас Каубојс вложил 35.000 долари во скромен модел од 1973. година и го направил ѕвер на четири тркала. На багажникот го исцртал ликот на Халк.

Алваро Арбелоа - Morgan 3 Wheeler

Пред две години одбранбениот фудбалер на Реал дошол на тренинг со трицикл произведен 1909. година. Веднаш сите се сликале со чудесниот изум на шпанскиот играч.

Стефон Марбери - хибрид Rolls-Royce и Саdillac

Поранешната ѕвезда на Њујорк Никс одамна заработи многу а заработката ја зголеми и во Кина каде играше неколку месеци. Неговиот автомобил е единствен и само освојувачот на бронзата од ОИ во Атина може да се пофали дека го има.