Се разделија Ѓоковиќ и Иванишевиќ

Најдобриот светски тенисер и неговиот долгогодишен тренер и пријател Горан Иванишевиќ со кого имаа фантастична соработка и освоија низа пехари на најголемите светски турнири, решиле да ја прекинат соработката.

Дефинитивно е крај на соработката меѓу Ноле и Иванишевиќ. Најдобриот тенисер соопшти дека решиле да се разделат. Објави на своите профили на социјалните мрежи.

Врвната соработка која траеше околу шест ипол години на Ѓоковиќ му донесе дури осум Гренд Слем пехари и трофеи од другите турнири.

„Се сеќавам добро на денот кога го повикав Горан да биде дел од мојот тим. Беше тоа во 2018. година и Марјан (Вајда) и јас баравме некоја иновација, да донесеме некоја магија во сервисот во нашето дуо. Всушност не само што добивме сервис, туку и многу насмевки, забава, завршени години на место број 1, урнати рекорди и уште 12 Гренд слемови и неколку финалиња од тогаш. Споменав ли и малку драма? Нолефам би требало да го знаат тоа.

Горан и јас пред неколку дена решивме да прекинеме да соработуваме. Хемијата на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство отсекогаш беше цврсто како карпа. Всушност горд сум на тоа, не сум сигурен дека е и тој: освен што освојуваме турнири заедно, имавме и битки на страна во паркчињата (друштвени игри...) многу години. И тој турнир за нас не завршува никогаш.

Шефињо, ти благодарам за сè мој пријателе, те сакам“, вели Србинот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Новак пред Иванишевиќ соработуваше со Рикардо Пјати, Маријан Вајда, Тод Мартин, Борис Бекер и Андреа Агаси. Деновиве во Белград тренирал со неговиот пријател и поранешен соиграч и селектор на Србија, Ненад Зимоњиќ.

Ѓоковиќ ќе има време да одбере со кого ќе продолжи да работи во иднина затоа што следниот турнир во Монте Карло му е од 7. до 14. април.

Резултатите и формата на Ѓоковиќ се во благ пад во последно време. Тој испадна во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, изгуби и во Дејвис Купот, а неодамна неочекувано и сензационално испадна и во трето коло од мастерсот во Индијан Велс.

27 март 2024 - 10:30