Рој пчели го прекинаа мечот Алкараз - Зверев

Неверојатни сцени доаѓаат од Мастерсот во Индијан Велс каде на дербито на денот меѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев судијата Мухамед Лајани мораше да го прекине накратко дуелот поради опасна инвазија на пчели кои го нападнаа теренот.

Уште во првиот сет присутните на теренот и на трибините имале мака со пчелите кои буквално го запоседнале целиот простор. Пчелите најмногу се насобрале околу мрежата, камерата и судискиот простор па организаторите биле приморани да ангажираат истребувач на пчели кои проба да ги избрка.

Најмногу проблеми имал главниот судија на мечот Мухамед Лајани кој неколку пати бил нападнат и боцнат од пчелите.

Во еден момент Ленс Дејвис, човекот кој работел меѓудругото и со инсектите, дошол со правосмукалка и очила за сонце без заштитно одело. И за некое чудо неговата акција била успешна зошто пчелите биле растерани па Алкараз и Зверев го продолжија дуелот, а Ленс Дејвис доби овации од гледалиштето и организаторите.

На крајот Шпанецот покажа дека е во голема форма и убедливо со 6-3, 6-1 го совлада Зверев.

15 март 2024 - 10:22