Колумна

Проклетие!

Јас ќе ѝ се вратам на репрезентацијата! За инат. Проклетието нема да трае вечно, а и играта ми дава надеж. Погледнете хајлајтс од трите текми. Можеби ќе ве натераат и вас да дојдете на стадион. Не за ФФМ, не за Илчо, не за Мрме…за тие момци што изгинаа три утакмици, а не ги сака…упорно не ги сака.

Ете, одамна реков дека за фудбалска репрезентација нема да се нервирам. Како навијач имам набиено доста репрезентативни утакмици почевши од онаа против Данска у 94та кога киднав од дома лажејќи дека ќе гледам кај другар, па сè до последен пат во Валенсија кога Шпанците нè нагузија 5:1. Бездушноста што ја видов таму беше последната капка која ја прели чашата. Лично бев сведок на големи резултати…. Победата против Ирска од 3:2 на еден дождлив скопски работен ден, оние 0:0 во Манчестер, 2:0 против Хрватска кога ги угостивме у кал до коленици, ама па бев и сведок на еден куп неуспеси. Пораз од 4:0 во Амстердам, 1:1 во Лихтеншајн, оној шамар што ден денес ме боли од Луксeмбург со Џон Тошак како селектор и на крај петардата во Валенсија. Таа беше прва, за мене и последна утакмица од тој циклус. Не ме болеа поразите во последната деценија, туку начинот на кој губевме. Бездушноста, инфериорноста, како да бевме залутани во фудбал.
 
Во последнава деценија иако ја следев репрезентацијата некако ми се отуѓи. Одамна стана менаџерска агенција која служеше једино како излог за продажба на играчи со сумњиви квалитети, така да према новиот циклус бев апсолутно индиферентен. Како за беља, првата утакмица - Албанија. Седнав да ја гледам, искрено и без уопште да лажам, не од фудбалски причини. На полувреме, додека од нервоза го отварав третото пиво и у брада го пцуев мазохистичкиот нагон што ме натера да ја гледам утакмицата, Алиоски ми врати надеж. Како да гледав една друга Македонија. Полет, сила, контрола на топка…јебеш му матер, на моменти и гегенпресинг. И додека у телевизор вриштев “набиј ги, удави ги у море”, додека им висеше у воздух голот, како у најлош филм од Б продукција се отвори небото. Крајот на причата у Скадар го знаете сами, ама она што мене ме натера тоа второ полувреме е да седнам и да ја гледам утакмицата со Израел… А таму апсолутна доминација. Шанси како што не сме правеле ни против Андора. А се тресе наша мрежа… На пеналот како пизда се скрив у друга соба, пошто у глава ми се вртеше сценариото од Скадар. И ете ти пак беља. Италија е трагедија за себе. Кога Хасани ја закова за 2:1 и од кауч скокав на шанк и обратно, низ глава ми пројдоа првите две текми и како нема шанса истото да се деси по трет пут… Се деси…Проклетие.

Ми се плаче од што ми е криво. Стварно ми е многу криво. Да не нагузеа сите по 2-3 комада и немаше да се нервирам, ама наместо 5 заслужени бода на конто момците имаат НУЛА. Компир. Знам дека од добар впечаток не се живее и знам дека историјата ги памти само победниците, ама ваљда у овој циклус и нас ќе ни посреќи еднаш. Пред два-три циклуса ќе ви кажев баталете фубдал, пропадна тој спорт во Македонија, ама кога ги гледам како гинат, а не ги сака топка, од инат ми иде да вриштам додека ме држи глас секоја наредна текма до крај на циклусот. Па и да тера проклетиево што ни се закачило до крај, па и нека се умира, ако се умира мушки нема да ми биде криво.
 
Репката стварно не ни е лоша. За жал, нашиот традиционално најдобар елемент одбраната овојпут е боранија и најслаба карика. Формацијата со три штопери (Шиков, Ристевски, Мојсов) предводена од Богатинов влева сигурност како здружение на пирамидални штедилници. Секој центар шут е 50 посто гол. Средниот ред не брилијантен, ама па нема играчи од типот на Шумуликоски, а од времето на Тони Мицевски сме немале играч како Алиоски кој од среден ред помага у напад. Навалата ни е најјака во последните 20 години. Нестороски е терминатор и тој дечко брзо ќе направи голем трансфер. Не се станува тек-така најбољи стрелец у Хрватска лига со Интер факинг Запрешиќ. Пандев е стар, ван форма, ама искусен за сите други десет заедно. Гради, проигрува, разигрува. Селекторот, без намера да го потценувам пред да почне со работа, се истакна со еден пар катастрофални одлуки (Јаховиќ да шутира пенал при Нестороски и Хасани на терен против Израел и измените од типот на Милован Петровиќ и Душко Трајчевски - се колнам во недела првпат слушнав за него - против Италија). А башка и голем љубител е на селфи со познати тренери по белосветски семинари. Не сум сигурен дека е најдобро решение, ама може треба да му се дозволи да го истера циклусот до крај.

Јас ќе и се вратам на репрезентацијата! За инат. Проклетието нема да трае вечно, а и играта ми дава надеж. Погледнете хајлајтс од трите текми. Можеби ќе ве натераат и вас да дојдете на стадион. Не за ФФМ, не за Илчо, не за Мрме…за тие момци што изгинаа три утакмици, а не ги сака…упорно не ги сака. Време е да почнеме да идеме на фудбал ради нашите, а не ради Италијаните или Шпанците. Ако не сте задоволни од состојбата у македонскиот фудбал, тогаш стадионот е најдобро место да ги покажете тие чуства. Не е фејсбук, не е пред телевизор…За инат на проклетието.
 
Аха да….И да не заборавам. Вечерва во 18:45, на Градски игра У21 репрезентација. Ако немате обавези, тркнете до стадион. Дечките у 9 утакмици освоија 18 бодови…колку што освои сениорската у три циклуси заедно претходно. Имаат историска шанса да идат на Европско Првенство иако не зависи само од нив. Дури и да не стигнат до Полска заслужија пун стадион. Којзнае….може нив ќе им се врати за проклетието што го изедоа сениорите.
 
Таки Бошкоски