Подобрата физичка подготвеност на Окта клучна во дуелот со Оне.Вип

Екипите на Трансмет, Окта и ЕЛЕМ славеа победи во првиот ден од 17. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЕЛЕМ доминантен во дуелот со НЛБ Банка
ЕЛЕМ 13-4(4-2) НЛБ Банка
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 1’ Антонио Ничевски 5’ 26’ 40’ Горан Николов 13’ 17’ Синиша Ковачевиќ 24’ 34’ Пеце Соклевски 25’ Влатко Петровски 31’ 32’ Павле Маџовски 37’ 39’
НЛБ Банка: Жарко Димитриевски 4’ 12’ 37’ Дејан Кекеновски 27’

Седумнаесетото коло на Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и НЛБ Банка. Во првото полувреме екипата на ЕЛЕМ со голман играч (Ничевски) успеа да наметне ритам во кој доминираше во секој дел од теренот. Екипата на НЛБ Банка не можеше да најде против игра за расположениот ЕЛЕМ, но успеа да не дозволи ЕЛЕМ реултатски да се одлепи па полувремето заврши со резултат од 4-2. Во второто полувреме искуството на ЕЛЕМ дојде до израз и соцелосен акцент на играта во нападот успеа да пружи инзворедна игра во која беше доминантен и од минута во минута го зголемуваше водството за да на крајот го добие овој натпревар со високи 13-4.

Подобрата физичка подготвеност на Окта клучна во дуелот со Оне.Вип
Окта4-1(0-1) Оне.Вип
Окта:Живко Котевски 30’ Никица Богдановски 36’ 40’ Драганчо Ѓеорѓиевски 39’
Оне.Вип: Филип Ицковски 2’

Екипата на Оне.Вип уште на самиот старт поточно во втората успеа да дојде до водство во дуелот со Окта. Рано постигнатиот гол ги наведе да се повлечат во одбраната и наметнат игра на затворен фудбал. Екипата на Окта во текот на целото прво полувреме беше настојчива и во текот на целото прво полувреме се обидуваа да ја пробија одлично поставената обрана на екипата на Оне.Вип но не успеаа во тоа па Оне.Вип го доби полувремето со 0-1. Екипата на Оне.Вип и во второто полувреме продолжи со истата игра која вродуваше со плод се до последните 10 минути кога екипата на Окта најде против игра икористувајќи ја пред се подолгата клупа и физичка потдготвеност па не само што успеаа да го израмнат реузлтатот туку и да дојдат до победа од 4-1.

Во драматична завршница Трансмет подобар од Адмирал
Адмирал 4-5(1-4) Трансмет
Адмирал: Спасе Новковски 11’ 25’ 26’ Стефан Серафимовски24’
Трансмет: Енес Исаки 1’ Бобан Велјановски 10’ 39’ Един Скендеровиќ 13’ 20’

Екипата на Трансмет во првото полувреме одигра одлично демонстрирајќи брз и отворен фудбал преку кој успеа со одлична реализација да стекне предност од три гола која Адмирал иако беше сконцентриран и во играта не успеа да ја стигме. На полувремето резултатот беше 1-4 во корист на Трансмет. Во второто полувреме екипата на Адмирал успеа да направи целосен пресврт благодарение на Новковски кој со три гола ги предводеше во егал завршница. Во самиот финиш од натрпеварот Трансмет преку Велјановски буквално во последната минута успеа да го одлучи победникот од овој натпревар и да постави конечен резултат од 4-5.

4 април 2017 - 09:20