Осврт на второто коло од Бизнис лигата

Во второто коло на Бизнис Лигата на Македонија бевме сведоци на натпревари кои ни го одземаа здивот. Екипите беа доста уиграни, а оние кои претендираат за влез во F8 демонстрираа вистинска моќ на теренот. 

Најдобар поединец и најзаслужен за победата на својот тим ArcelorMittal беше Игор Мирчевски кој со 5 погодоци е најдобар стрелец на колото.

Даниел Настевски од Montenegro и Дејан Зиков кај екипата на Лукоил постигнаа по 4 голови, а по нив најпрецизни беа Влатко Петровски кај ЕЛЕМ и Даско Кадински кај Eurolink кои постигнаа хет-трик.

За голман на второто коло е прогласен Јорданчо Јакимоски од тимот на Montenegro, а тренер на колото е Нестор Алексиевски, стратегот на екипата на Македонски Телеком.

За Екипа на второто коло прогласена е ArcelorMittal.

20 октомври 2014 - 11:20