Окта со пожртвувана игра до победа над Сава Осигурување

Пекабеско, Окта и Адмирал ги запишаа бодовите во третиот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Пекабеско со цврста одбрана и контролиран напад до победа над Македонски Телеком
Пекабеско 7-3(3-1) Македонски Телеком
Пекабеско: Маријан Величковски 5’ 22’ 23’ 32’ Бобан Вујиќ 14’Дарко Рунтев 15’29’
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 11’ 40’ Ивица Вељановски 31’

Екипата на Пекабеско во дуелот со Македонски Телеком влезе со голман играч кој уште на самиот старт успеваше да оствари играч плус во нападот со кој се доаѓаше до изгледни шанси за гол. Во првото полувреме Пекабеско со ваква игра успеа да стекне преднос од која македонски телеком не успеа да ја анулира па на полувремето се отиде со резултат од 3-1. Во второто полувреме екипата на Пекабеско со истата поставеност од минута во минута го зголемуваше водството играјќи цврста одбрана и добро контролиран напад. Македонски Телеком се обиде да возврати со истата тактика (голман-играч) но тоа не вроди со плод па го загуби овој натпревар со 7-3.

Адмирал (3-0) Факом –(службена)

Окта со пожртвувана игра до победа над Сава Осигурување
Сава Осигурување 4-5(3-2) Окта
Сава Осигурување:Коста Глигуровски 10’ 18’ 30’ Стефан Димитровски 15’
Окта: Александар Јовчевски 14’ Никица Богдановски 17’ Драганчо Ѓеорѓиевски 32’ 39’Драганче Стојановски 37’

Екипите на Сава Осигурување и Окта одиграа исклучително неизвесен натпревар во кој и двете екипи беа максимално мотивирани. Во првото полувреме и на двете страни имаше голема пожртвуваност и желба за победа, екипата на Сава Осигурување беше подобро поставена во нападот па успеа да ја искористи оваа поставеност и да дојде до водство од 3-2 на полувремето. Екипата на Окта во второто полувреме ја смени стратегијата и на теренот се појави со формација голман играч како плус човек во нападот. Оваа тактика вроди со плод и екипата на Окта не само што успеа да израмни туку во самиот финиш преку Ѓеорѓиевски дојде од водство од 4-5 кое им осигура победа.

23 март 2017 - 09:32