Нови немили сцени во Мајами, после Казо за малку и Беретини во несвест

Во 1. коло од турнирот во Мајами на Флорида, Матео Беретини во финишот на вториот сет од мечот против Енди Мареј изгубил рамнотежа и за малку не се срушил на земјата поради неподносливите услови за игра, односно +35 степени Целзиусови. Пред неколку дена младиот француски тенисер Артур Казо се онесвестил од преголем напор на преголеми горештини.

На крајот Мареј славел 2-1 во сетови 4:6, 6:3, 6:4.

За време на квалификациите за турнирот во Мајами Французинот Артур Казо мораше да се повлече од мечот со Харлот Мајо во понеделникот откако во третиот сет колабираше и падна на земја. Ова на Казо му се случило во третиот сет при резултат 1-1 во сетови и 2-1 за него во гемови.

21-годишниот Французин бил изнесен од теренот во количка и го предал мечот.

21 март 2024 - 08:47