Најтвитаното на Британците за 2014-та

Доколку годинава следевте што правеа Твитерџиите најмногу на нивната омилена и сеирџиска друштвена мрежа, тоа е пишување или тролање за дебаклот на Бразил кој загуби од Германија со 7:1. 

Осум од десетте најтвитати моменти во годинава што изминува во Велика Британија се поврзани за спорт. На листата доминира Мундијалот во Бразил од каде за 33 дена фудбал има шест најтвитани настани, а Лигата на шампионите ја има само со два.

Покрај срамот на домаќините кои во полуфиналето на Светското загубија од Германија со 7:1, меѓу најтвитаните настани се првиот гол на Мундијалот, петардата на Шпанија, водството на Јунајтед против Баерн во четвртфиналето од ЛШ...

За Светското првенство во Бразил пратени се вкупно 672 милиони твитови, од кои 35,6 се однесуваат на финалето, што е рекорд во историјата на оваа социјална мрежа. Најретвитаниот настан поврзан со Мундијалот го има:

По референдумот за Шкотска и ајс бакет челинџ, Мундијалот е третиот најтвитан настан на островот. Од Премиер лигата најтвитан клуб е Манчестер Јунајтед.

Најтвитани играчи во секој клуб.

11 декември 2014 - 11:43