Montenegro со пресврт славеше против TRANSMET

Во вториот ден од четвртото коло во Бизнис лигата се одиграа два неизвесни и тесни натпревари, а на третиот ЕЛЕМ беше немилосрден со 15 постигна голови.

Искуството на Montenegro го одреди победникот во дуелот со TRANSMET
Montenegro 4-3 (1-3) TRANSMET
Montenegro: Даниел Настевски 18’, 22’, Ивица Јанковски 27’, Љубиша Јовановски 34’
TRANSMET: Игор Пејовски 4’, 9’, 10’

По само 10’ игра TRANSMET целосно го изненади минатогодишниот шампион Montenegro и достигна водство од високи 0-3. TRANSMET имаше одлично изработен напад за кон Montenegro немаше соодветна одбрана. TRANSMET на полувремето замина со 2 гола предност. На самиот старт од второто полувреме, по само 7’ игра минатогодишниот шампион го искористи искуството, го изедначи резултатот и преку тоа се врати во натпреварот. Екипата на TRANSMET не само што не успеа да го искористи играчот повеќе, туку во истите 2’ Montenegro успеа да постигне гол за водство од 4-3, кое успеа да го задржи до самиот крај за победа на овој натпревар. 

ЕЛЕМ поефикасен од Eurolink
Eurolink 5-15 (2-8) ЕЛЕМ
Eurolink: Антонио Кочовски 13’, Александар Илиевски 17’, Никола Костовски 27’, 40’, Наумче Стојчевски 40’
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 6’, 9’, 28’, 30’, Димче Димитријески 6’, 11’, 25’, Диме Милевски 10’, 22’, Ристо Стефановски 14’, 35’, Пеце Соклевски 15’, Александар Николовски 17’, Жан Ристевски 31’, Петко Бушески 34’

ЕЛЕМ  во текот на целиот натпревар беше доминантен, го контролираше резултатот кој речиси во целиот натпревар беше во нивна полза, не дозволувајќи му на Eurolinkда наметне своја игра во која би фатиле резултатски приклучок. Во ваквиот натпревар Eurolink не можеше да очекува поголем резултат, па го загуби истиот со 5-15. Полувреме 2-8.

СЦ Борис Трајковски немаше доволно сили за пресврт во дуелот со МЕПСО
СЦ Борис Трајковски 4-5 (1-3) МЕПСО
СЦ Борис Трајковски: Јован Димовски 16’, Дамјан Силјановски 30’, Филип Тодоровски 31’, Љубомир Стојановски 33’
МЕПСО: Борис Трајковски 15’, 28’, Зоран Деспотовски 20’, Никола Несторовски 20’, Златко Мицевски 25’

Во првото полувреме екипата на МЕПСО ја имаше целосно иницијативата, пред се со одлична одбрана доаѓаше до контранапади од кои поентираше. Кај СЦ Борис Трајковски беше воочлив недостатокот на концентрација, па на полувремето заминаа со 1-3. Во второто полувреме СЦ Борис Трајковски се разбуди и преку одличен напад дојде до реализација од 3 погодоци со која се приближи на само гол разлика на само 7’ до крајот од натпреварот. Но, немаше доволно сили за целосен пресврт, па го загуби овој натпревар со 4-5.

29 октомври 2014 - 10:36