Лукоил шампион на Бизнис Лигата на Македонија

Со победа од 6:4 над ЈСП, златниот медал во овогодишната сезона во Бизнис лигата отиде кај екипата на Лукоил. Во борбата за трето место Рамстор го совлада ЕЛЕМ.

Лукоил шампион на Бизнис Лигата на Македонија
Лукоил 6-4(3-2) ЈСП
Лукоил: Дејан Зиков 3’ Мартин Алаѓозовски 16’ 17’Жарко Климкаров 27’ Љупчо Апостоловски 28’ Владимир Секулоски 30’
ЈСП: Марјан Србиновски 13’ Љупчо Павловиќ 14’ Томи Петковски 33’ Давор Калиновски

Во финалето на овогодинешната Бизнис Лига на Македонија за златниот медал се бореа екипите на Лукоил и ЈСП

Екипата на Лукоил во раната фаза од натпреварот дојде до водство по што следеше офанзива од страна на ЈСП преку која дојде до водство. Мартин Алаѓозовски ја превзеде одговорноста и направи целосен пресврт и на полувремето имаше предност од 3-2. Во второто полувреме екипата на Лукоил прикажа апсолутна доминација и со одличен фудбал стигна до предност од дури три гола. По три исклучувања во последните две минути се створи шанса ЈСП да фати резултатски приклучок но Лукоил го остави срцето на терен и дојде до златниот медал.

Рамстор со одлична игра и победа над ЕЛЕМ до бронзен медал во Бизнис Лигата на Македонија
Рамстор 7-5(2-1) ЕЛЕМ
Рамстор: Зеко Ковачи 16’ Ведат Арслан 19’ 36’ Михрем Мемед 29’ 33’ 40’ Ибрахим Бекир 40’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 20’ Антонио Ничевски 23’ Влатко Петровски 28’ Синиша Ковачевиќ 29’

За третото место во Бизнис Лигата на Македонија силите ги одмерија екипите на Рамстор и ЕЛЕМ

Првото полувреме помина во нешто позатворен фудбал иако екипата на ЕЛЕМ настапуваше со препознатлив состав и голман играч во нивните редови. Рамстор успеа да стекне предност и со олична игра успеа да ја задржи па на полувремето се отиде со 2-1 во полза на Рамстор. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа резултатски да се приближи но Рамстор во своите редови го имаше вечерва расположениот Михрем Мемед кој со три гола му го донесе бронзениот медал на Рамстор.

1 јуни 2017 - 11:28