Издржа 196кг на глава

Натпреварување во дигање тегови на Олимписките игри во Лондон можеше да заврши фатално за Германецот Матијас Штајнер.

И покрај тоа што тој има дигнато и над 200 килограми, овој пат не успеа да подигне 196. И не само што не успеа да ги подигне, теговите преку неговата глава и вратот, завршија врз ногата.

Инаку Штајнер е човекот кој остана запаметен по емотивниот момент од минатата Олимпијада.

За среќа, тој бргу стана и ѝ отпоздрави на публиката.

8 август 2012 - 09:24