Искуството на ЕЛЕМ клучно за победата над Адмирал

Во 10. коло од Бизнис лигата на Македонија до победи стигнаа екипите на Лукоил, ЕЛЕМ и МЕПСО.

Шпаркасе банка не успеа да приреди изненадување во дуелот со Лукоил

Шпаркасе банка 4-7 (4-4) Лукоил
Шпаркасе банка: Стојанчо Јосифоски 6’, Дарко Стојановски 10’, Деко Марков 17’, Петар Бегалинески 19’
Лукоил: Игор Дамјаноски 1’, Дејан Зиков 6’, 22’, Жарко Климкаров 7’, 9’, Марјан Цветковски 23’, Љупчо Апостоловски 35’

Екипата на Лукоил имаше одличен старт и во дуелот со Шпаркасе банка со добра игра, пред се во нападот, успеа за само 10 минути да постигне 4 гола, со што направи комфорна зона. Екипата на Шпаркасе банка ова вешто го искористи и со одлична игра успеа да направи целосен пресврт и да дојде до резултат од 4-4, со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Лукоил не му дозволи на Шпаркасе банка да продолжи со добрата игра, заигра во вистински ритам и створи предност од 3 гола, со која го заврши натпреварот.

Искуството на ЕЛЕМ клучно за победата над Адмирал

Адмирал 3-6 (3-1) ЕЛЕМ
Адмирал: Александар Лазаревски 15’, Стефан Серафимовски 18’, Мирослав Спасовски 19’
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 11’, 25’, 39’, Ристо Стефановски 22’, Синиша Ковачевиќ 29’, 36’

Екипата на Адмирал имаше перфектно прво полувреме во дуелот со ЕЛЕМ, каде што демонстираше одличен фудбал кој произлезе од добрата одбрана, што им овозможи преку контранапади да дојдат до водство од 3-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ ги консолидираше своите редови и се потпре на долгогодишното искуство во Бизнис Лигата па со сталожена и смирена игра, не само што успеа да го израмни резултатот, туку и дојде до победа на овој натпревар со 3-6.

МЕПСО со перфектна реализација до победа над ФАКОМ

МЕПСО 7-3 (5-1) ФАКОМ
МЕПСО: Далибор Христов 2’, Диме Рошкоски 3’, Виктор Петровски 6’, 9’, 36’, Кристијан Михајловски 10’, Борис Трајковски 30’
ФАКОМ: Кире Блажевски 15’, Селајдин Кадри 24’, Шенол Аџировски 34’

Перфектно прво полувреме одигра екипата на МЕПСО во дуелот со ФАКОМ, пред се благодарение на играта во нападот, каде што имаа перфектна реализација, но не затаи ни одбраната, па полувремето го завршија со високи 5-1. На почетокот од второто полувреме екипата на ФАКОМ постигна гол во раната фаза, со што сакаше да фати резултатски приклучок, но екипата на МЕПСО не го дозволи тоа, ја постави својата вистинска игра, па го доби овој натпревар со 7-3. 

8 декември 2015 - 13:47