Импресивниот начин на кој Ѓоковиќ им го трасира патот на младите таленти

Меџедовиќ не платил за ниту едно патување, ниту еден хотел, ниту една авионска карта, ниту еден физиотерапевт, ниту една масажа и тоа една цела година.

Новак Ѓоковиќ е голем човек. Како ѝ помогна на новата тениска надеж од Србија, едноставно, е импресивно.

Хамад Меџедовиќ е новата тениска надеж од Балканот. Србинот беше најдобар на НекстГен турнирот, а зад него стои токму Ноле кој несебично го помага. Тоа го откри неговиот татко Елдин во интервју за „Спортал“.

Ѓоковиќ му помага на Хамад финансиски, ментално и друштвено. Првиот светски ас понудил буквално сè, а таткото на Хамад бил во шок затоа што сето тоа чинело премногу пари. Одговорот на Новак го изненадил уште толку.

„Едо, имам пари. Едноставно, мојата улога и задача е да помогнам. Каков човек ќе сум ако не помогнам на деца како син ти што заслужуваат затоа што го сакаат тенисот и имаат резултати? Знаеш... кога Хамад утре ќе успее и ќе стане голем тенисер, сакам јас и вие да му помогнете на некој, како што јас ви помагам сега“, му кажал Ноле.

И така во текот на целата 2021 година, Меџедовиќ не платил за ниту едно патување, ниту еден хотел, ниту една авионска карта, ниту еден физиотерапевт, ниту една масажа... Првиот чекор кон успехот е направен, тоа е титулата на најдобриот младински тениски турнир.

Виа

8 декември 2023 - 10:40